20 Мај, 2024
0.0298

Ученици на меѓународното училиште НОВА донираа книги и слики на случајни минувачи

Објавено во: Мои пари 23 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Голем број Скопјани кои во саботата (21 ноември) се разминаа низ гратските улици со учениците од меѓународното училиште НОВА, добија бесплатна книга, слика, цвеќе, колаче или искрена прегратка. Ширејќи оптимизам и позитивни пораки, околу 40 средношколци беа дел од хуманитарната акција насловена Thinking Humanity Walk која се одржа по четврти пат.

„Не мора да се вложат огромни сретства за да се направи хумано дело. Оваа прошетка пополека прерасна во наша традиционална активност и сите подароци кои учениците им ги даваат на минувачите се симболични и се собрани преку донации. Но секоја година настанот е сè поголем и се надеваме дека тој раст ќе продолжи и во иднина. Воедно сме презадоволни и од резултатите кои ги мериме во позитивна енергија и преубави коментари“ велат од НОВА.

nova 1

Носејќи подароци за секој човек кого ќе го сретнат попат, тие ја почнаа прошетката пред НОВА и ја завршија во центарот на градот. Воедно овој настан годинава ја доби и наградата „Вложување во заедницата“ на конкурсот за најдобри општествено одговорни практики во Македонија кој е во организација на Министерството за економија.

nova 3

Концептот зад Thinking Humanity Walk е дека малите гестови на добрина значат многу и секој од нас е алка во овој синџир и може да донесе промена. Учесниците на хуманитарната прошетка на повеќе места залепија и инспиративни пораки и цитати со цел да им го разведрат денот на сите кои ќе минат низ овие скопски улици.

nova 2

Во ова меѓународно училиште во текот на годината се одржуваат голем број на добротворни настани и акции како што се: традиционалниот семеен базар во кој собраните приходи се насочуваат за различни цели, соработката со хуманитарната организација Habitat for Humanity и многу други.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО