19 Мај, 2024
0.0366

Туск кон економските мигранти: Не доаѓајте во Европа. Не верувајте на им на шверцери!

Објавено во: Балкан 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ги предупреди економските мигранти кои се упатиле кон Европа, да не доаѓаат во Стариот континент.

Тој исто така ги критикуваше земјите членки, кои презеле унилатерални чекори за справување со кризата, пренесе AFP.

"Сакам да се свртите кон сите потенцијални илегални економски мигранти, независно од каде доаѓаат. Не доаѓајте во Европа. Не верувајте о, на шверцери. Не ризикуватјте со животот и парите", изјави Туск по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина.

Туск исто така, ги критикуваше и едностраните дејствија од страна на земји-членки на ЕУ, а според него тие ја "напаѓаат довербата" и сакаат да го поделат блокот.

"Едностраните решенија без претходна координација, дури и да се разбирливи во национален контекст, се всушност погубни за европскиот дух на солидарност", рече тој.

Неговите коментари се во врска со одлуката на Австрија да го ограничи дневниот влез на мигранти на својата територија, што доведе до слични мерки и во други земји од Балканскиот пат, меѓу кои Словенија, Хрватска, Македонија и Србија.

Претходно Унгарија, Полска, Словачка и Чешка ветија дека ќе им помогнат на Бугарија и Македонија да ја затегнат контролата на границите со Грција, во случај дека Атина да не успее да го ограничи приливот на мигранти од Турција до средината на март.

Од своја страна, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека би сакал да бидат наметнати санкции врз земјите од ЕУ кои ги поткопуваат општите одлуки на блокот. "Грција ќе сака ... да има санкции за оние кои не ги почитуваат (европските договори за солидарност)", рече тој, велејќи дека она што било договорено, треба да се почитува.

Некои од земјите на ЕУ повикаа на исклучување на Грција од Шенген зоната, освен ако не преземе строги мерки за запирање на миграцискиот поток.

Според Туск сепак тоа не би било решение на сегашната криза. "Исклучувањето на Грција од Шенген не ниту крај, ниту средство на оваа криза. Грција е дел од Шенген, од европската заедница и од ЕУ и ќе остане таква ", изјави европскиот претставник.

Тој исто така, истакна дека Грција и која и да било друга европска земја нема повеќе да бидат транзитни држави, а Шенгенскиот договор повторно ќе влезе во сила.

Посетите на Туск во Грција и подоцна во Турција се дел од регионалната турнеја, во рамките на која тој ја посети и Словенија и Македонија. Во петокот претседателот на Европскиот парламент ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Ердоган во Истанбул.

Во средата европската унија предложи да обезбеди 700 милиони евра во вонредна помош за Грција и другите земји за справување со бегалската криза.

Според податоците на грчката полиција во вторникот 500 мигранти биле пуштени да преминат на македонска територија. ЕУ од своја страна истакнува дека 12 000 лица се наоѓаат на граничниот премин Идомени.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс