19 Мај, 2024
0.0257

Туск ќе разговара со Давутоглу и Ердоган за борба против тероризмот и бегалската криза

Објавено во: Балкан 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск допатува денеска во посета на Турција. Анкара е последната посета на неговата турнеја низ балканските земји.

Туск ќе разговара со премиерот Ахмет Давутоглу. Се предвидува исто така да положи цвеќе на местото на нападот од 17 февруари во Анкара, при кој загинаа 29 лица.

На лидерската средба на ЕУ, одржана на 18 и 19 и февруари во Брисел, лидерите на Европската унија издадоа заедничка декларација во која го осудија терористичкиот напад.

Туск ќе разговара и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Приоритетните теми на средбите на европскиот претседател со турските политичари ќе бидат борбата против тероризмот и бегалската криза.

Враќање кон мерките на Шенген зоната, вклучувајќи строги проверки на надворешните граници, претставува предуслов за решавање на миграционата криза, изјави Доналд Туск во пресрет на Анкарскиата посета. Според него, земјите-членки треба да одбиваат пристап на државјани на трети земји кои не ги исполнуваат основните услови или кои не сакале добивање азил, иако имале можност.

Посетата на Доналд Туск во Анкара е важна и од аспект на тоа дека лидерите на ЕУ сакаат да ги видат резултатите од планот за справување со бегалската криза пред клучниот состанок со Анкара на 7 март.

ЕУ договори акционен план со Турција, кој предвидува на земјата да и биде обезбедена помош за бегалците во износ од 3 милијарди евра во замена за одвраќање на миграциниот бран кон Европа.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс