19 Мај, 2024
0.0260

Туск: Излез на Грција од Шенген зоната нема да ја реши бегалската криза

Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Отстранување на Грција надвор од Шенген зоната нема да ја реши бегалската криза, смета претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој е во посета на Атина во потрага по излез од проблемот, пренесе Ројтерс.

Неговиот коментар беше даден по повод зголемениот притисок на другите земји од ЕУ, Грција да ги почитува своите обврски како член на Шенген и да ги зачува надворешните граници на просторот.

Едни од најголемите критичари на Атина се покажаа земјите од Вишеградската четворка кои повикаа на зајакнување на границите меѓу Грција и Македонија и меѓу Грција и Бугарија со цел да биде ограничен протокот на бегалци по т.н. „Балкански пат“.

Во Атина Доналд Туск истакна дека бегалците ја тестираат „кохезијата на ЕУ до возможни граници“.

По средбата со Туск премиерот на Грција Алексис Ципрас повторно повика на единствено европско решение на кризата, засновано на меѓународното и европското право, додава јавната грчка телевизија ERT.

Тој забележа дека е потребно да се забрза ефикасноста во однос на сите запишани досега решенија за ограничување на миграционите притисоци.

Во понеделникот грчки медиуми коментираа дека земјата ќе отвори уште три бегалски центри во рамките на оваа недела. Така Атина ќе може да го прикажено завршеното за време на Европскиот совет, закажан на 18 и 19 февруари.

Главните теми на европските лидери ќе бидат бегалската криза и можноста Британија да ја напушти ЕУ. Во однос на темата за можен „Brexit“ Ципрас е убеден дека не е време за каков и да било “излез“ или exit (навестување и за дискусии во текот на летото на 2015 година „Grexit“ - излегувањето на Грција од еврозоната ), а за обединување на силите во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс