19 Мај, 2024
0.0261

Турција почна да бомбардира области контролирани од сириските Курди

Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Турската армија бомбардирала денес сектори, контролирани од силите на сириските Курди во провинцијата Алепо, во северна Сирија пренесе AФП, повикувајќи се на Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Според директорот на НВО Рами Абдел Рахман турската артилерија гаѓала сектори кои курдските сили за народна одбрана (ИПГ) неодамна ги преземале од исламистичките бунтовници во провинцијата Алепо и особено реонот на градот Миниг.

Турските бомбардирања биле насочени против воениот аеродром на Миниг што Курдите го зазедоа на 10 февруари. Тие почнаа малку по изјавата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој се закани со воена акција против сириските курдски борци од Партијата на демократскиот сојуз, кои Анкара ги дефинира како терористичка група.

По потреба можеме даг ги прземеме во Сирија истите мерки како во Ирак и Кандил, рече Давутоглу. Тој го има предвид бомбардирањето во 2015 против Курдистанската работничка партија (ПКК) во оваа планина во северен Ирак, која беше нивна тврдина.

Поддржани од нападите на руската авијација курдските милитанти ја зазедоа пред неколку дена воздухопловната база и градот Миниг кои се наоѓа северно од големиот град Алепо и на десетина километри од турската граница.

Анкара ја смета курдската партија Демократска унија (ПИД) и нејзиното воено крило ИПГ за гранка на Курдската работничка партија ПКК.

Извор од ИПГ истакнува дека турските сили го подложиле на оган воениот аеродром „Мена“.

Сириските владини сили ја загубија контролата на базата во Миниг во 2013 година, две години по почетокот на конфликтот во Сирија.

Во меѓувреме стана јасно дека Турција и Саудиска Арабија може да започнат операција против „Исламска држава“ во Сирија, ако има таква стратегија.

Информациите за тоа дојдоа од турски медиуми кои го цитираат турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу исто така учествува на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс