Турски инвеститор не сака да продолжи да гради брана во Македонија, бара да му се платат 4 милиони евра

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2020
Турскиот инвеститор „Серка Акели“ чека неисплатен долг од 4 милиони евра од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за да се доизгради браната Конско во Гевгелија, објави Телма.
Поради неисплатениот долг, хидросистемот чија изградба започна во јуни 2018 како голема капитална инвестиција, наместо до крајот на оваа година, рокот е продолжен до следната.
До сега е изградена околу 60 отсто, а целокупната вредност на инвестицијата чини 40 милиони евра, финансирани од програмата за рурален развој. Хидросистемот Консо треба да обезбеди дополнителни количини вода за наводување на обработливите површини во овој регион кој во изминативе години постојано алармираше за недостиг на вода за одржливо земјоделско производство.
Освен за наводнување, водите од акумулацијата Конско и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија, а ова езеро ќе поттикне нова туриститчка понуда на Гевгелија и услови за развој на риболовниот спорт и рекреација.
Браната Конско се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув и ќе се протега на околу 8,5 километри неизводно, оддалечена 20-тина километри од Гевгелија.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Шпцпв, најавува дека на локацијата ќе се изгради и мини-населба со викенд-куќи.
Можеби ќе ве интересира
РАБОТЕЛЕ ЗА ПЛАТА ОД 2 ДЕНАРИ: Чевларска компанија од Штип толку плата им исплатила на работниците за септември

ИНТЕРВЈУ ХАЏИДИНЕВ: Никогаш досега не сме билe постабилни и со поголем потенцијал

Пејпер Мил: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна - за пет години инвестиравме 7 милиони евра во технологија, вработувања и развој на бизнисот

Енергетска заедница: „Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ - тој ќе се доработува

Врнежите направија застој во Суводол: РЕК Битола работи со еден блок, надлежните тврдат дека системот е стабилен

Фатмир Битиќи: Физибилити студија и за Македонски железници - Транспорт и ТЕЦ Осломеј

То Вима: Извонредна енергетска соработка помеѓу Атина и Скопје
