19 Мај, 2024
0.0271

Турската инвестиција конечно ќе започне да ги гради електраните во најсончевиот дел од Македонија

Објавено во: Економија 02 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Турската компанија ЕМРЕ по три години откако го купи земјиштето наскоро ќе почне со градба на две сончеви електрани на парцелата во Порече потврди менаџментот од оваа компанија. При последната посета на локалитетот потврди дека наскоро ќе никнат новите централи во близина селото Инче во Македонски брод, инаку регион со најмногу сончеви денови во годината и е најдобра локација за изградба на вакви капацитети во земјава.

-Имаме навистина многу причини за задоволство, бидејќи долго најавуваните фитоволтаични централи во нашата општина конечно ќе почнат да се градат. Токму тоа беше причината за посетата на менаџментот на турската компанија на локацијата кај селото Инче. Беше договорена динамиката на работите, а ние како општина го исполнивме главниот предуслов, да изградиме пат во должина од 2,3 километри кој е крак од патот за село Калуѓерец и завршува на парцелата на идните електрани, кои ќе бидат со јачина од по еден мегават. За оваа потреба турската компанија купи 40000 метри квадратни земјиште, за што плати околу 100000 евра. Значајно е и тоа што во новите централи ќе има и 7-8 вработувања на невработени лица, што не е неважно за нашата општина –истакна бродскиот градоначалник Живко Силјаноски.

Од страна на првиот човек на општината беше речено, дека на овој локалитет ќе има уште четири нови фотоволтаични централи, за што ќе бидат наменети нови 400000 метри квадратни земјиште.

Турската компанија земјиштето го плати по 165 денари за квадрат, средства, од кои 80 проценти се слееја во општинската каса, додека 20 проценти легнаа во државната каса.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?