19 Мај, 2024
0.0270

ТУРИЗАМ: Дали Booking и Airbnb се нелојална конкуренција на домашните хотелиери?

Објавено во: Економија 02 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Визна либерализација за привлекување туристи од Кина и од земјите на Арапскиот залив, итни промени во законите за туризам и за угостителска дејност и носење стратегија за развој на туристичкиот сектор, бара Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија.

- Светските трендови покажуваат дека расте интересот на туристи пред се од Азија. Од Кина, 135 милиони туристи на годишно ниво излегуваат од земјата. Проценките се дека трошат 330 милијарди САД долари на годишно ниво. Во регионот на Западен Балкан, се поголем е интересот и на туристи од ГОЛФ- земјите. За таа цел, соседните држави, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово имаат направено сериозно релаксирање на визниот режим со овие земји, од коишто туристи патуваат во регионотна кружни тури. Здружението веќе одреден период во официјална комуникација со Министерството за надворешни работи, укажува на трендот во регионот и  доколку Македонија не направи релаксирање на визниот режим, ќе остане надвор од глобалниот балкански туристички пазар- посочи Славе Сирачевски, заменик - претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Здружението бара да се врати релиценцирањето на туристичките агенции, да се воведе банкарска гаранција како услов за давање лиценца, а во законот да постои и осигурување на аранжмани. Истовремено се укажува дека постојат различни казнени одредби за различни форми на правни субјекти кои се занимаваат со угостителска дејност, поради што се бара нивно усогласување, односно за сите форми на правни субјекти да постојат исти обврски и казнени одредби.

- Со цел регулирање на работата на правните субјекти во насока на елиминирање на нелојалната конкуренција и сивата економија, да се работи на соодветен модел на контрола на инспекциските служби во продажбата на аранжмани преку „BOOKING“, „AIRBNB“ - системите и другите форми на „on-line“ продажба на угостителски услуги- бараат во Здружението.

Во Законот за угостителска дејност алармираат на непостоењето категоризација на сите угостителски објекти за ноќевање и непостоењето на категоризација на сите ресторани односно угостителски објекти за исхрана. Туристичките работници укажуваат дека Македонија се уште нема стратегија за туризам.

- Во моментов постои финална верзија на Предлог-стратегија, која веќе 2 години е во фаза на таков документ. Сепак, и во неа е констатирано дека туризмот во Македонија се соочува со повеќе проблеми, како што се класификација на хотелите, туристички ознаки, субвенции за туроператорите, субвенции за авиопревозниците, визната политика или генералната инфраструктура. За таа цел, потребно е да се подобри општата инфраструктура, што подразбира освен патишта, струја, отпадни води, канализации и сл., да се дефинираат идни тела одговорни за развој на туризмот на национално ниво, како и тело за координација на сите активности поврзани со туризмот, заради избегнување паралелни активности.Потребнисе и посебни стратегии за образовниот систем во дејноста, како и поттикнување на свеста на локалното население-вели Сирачевски.

Девизниот приход од туризмот е во континуиран пораст. Во 2017 година споредено со 2010 година, кога започна процесот на субвенционирање на странските туристи, девизниот приход реализира раст од 65,7 проценти и изнесува 326,9 милиони американски долари. Учеството на туризмот во бруто домашниот производ изнесува 2,2 отсто.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?