20 Мај, 2024
0.0310

ТУК потпиша меморандум за соработка со Асоцијата на туристички агенции ТУРСАБ од Турција

Објавено во: Мои пари 31 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Двете деловни организации заедничи ќе работат на зајакнување на соработката меѓу реномирани туристички агенции, хотели, ресторани од двете земји, преку подигнување на квалитет на услуги кои се нудат

Туристичко-угоститлската комора (ТУК) при Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализира соработката со потпишување на  меморандум, со најголемата Асоцијација на туристички агенции и туроператори - ТУРСАБ од Истанбул, Турција. Меморандумот го потпишаа претседателот на ТУК, г. Аркан Керим и претседателот на ТУРСАБ, г. Башаран Улусој.

На официјалната средба која се одржа во Министерството за надворешни работи, пред присутната делегација  од ТУРСАБ и компании членови на ТУК, се обрати директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот (ААПТ) г. Кристијан Џамбазовски.

По потпишувањето на меморандумот, компаниите од двете земји дискутираа за можностите за зајакнување на индивидуалната соработка, од која се очекува да произлезат конктретни партнерства.

Целта на потпишувањето на меморандумот е да се надминат актуелните предизвици од областа на туризмот, како и да се зголеми соработката меѓу реномирани туристички агенции, хотели, ресторани од двете земји, преку подигнување на квалитет на услуги кои се нудат.

Меморандумот за соработка е резултат на официјалната посета која минатиот месец ја оствари претседателот на ТУК, г. Керим  со претседателот на ТУРСАБ, г. Улусој во Истанбул, Турција.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО