19 Мај, 2024
0.0301

Ципрас ќе се сретне со демонстрантите фармери во обид за постигнување на договор

Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Се уште нема договор меѓу грчката влада и демонстрантите фармери, но премиерот Алексис Ципрас закажа средба со претставници на земјоделците денес. Грчката влада им предложи на фармерите почеток на преговорите, за да се стави крај на блокадата на патиштата и границите.

Во неделата на локалните собранија на земјоделците ќе се одлучи дали тие ќе учествуваат на разговорите за промена на условите на контроверзниот закон со нови услови за осигурувањата и право на пензија. Веројатно нема да дојде до единствено решение, пренесоа агенциите.

Можно е тракторите на некои места да се повлечат, иако голем дел од демонстрантите се категорични дека целосен прекин на блокадите по автопатите и граничните премини ќе има само по повлекувањето на нацрт-законот.

Дел од земјоделците остануваат со шаторите пред Собранието, други се враќаат на местата на протести во земјата. Некои централни патишта исто останаа затворени вчера.

Илјадници земјоделци се собраа вчера во грчкиот главен град и си направија шатори пред парламентот. Барањето е укинување на планираното укинување на осигурувањата и планираната пензиска реформа.

Против предлог кој владата се обидува да го протурка под притисок на меѓународните кредитори, се сите синдикати во Грција.

„Грчкиот народ е нескротлив и горделив, но не и неблагодарен“, сметаат економисти.

Според нив обичните жители на нашиот јужен сосед едноставно бараат одговор на прашањето: „Кој е виновен за кризата?“ И сакаат ревизии.

„Проблемот е многу тежок. Грција доживува финансиски колапс. Станува збор за грабеж на националната економија“, категоричен е професор Калмарис.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс