20 Мај, 2024
0.0299

Тркалезна маса со Дејвид Голдсмит, консултант за комерцијализација на иновации на НАСА

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Во Скопје, Вторник, 17.11.2015 во 19:00 часот, во организација на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, ќе се одржи тркалезна маса со Дејвид Голдсмит, глобално почитуван консултант на над 1600 менаџери на компании низ целиот свет, советник за комерцијализација на иновации на НАСА, ко-основач на 12 старт-ап компании, иноватор, говорник, сериски претприемач и автор на најпродаваната книга “Paid to Think: A Leader’s Toolkit for Redefining Your Future”.

На тркалезната маса ќе присуствуваат претставници од реномирани компании од Македонија и ќе се дискутира за најголемите предизвици со кои што се соочуваат лидерите во светот, иновативни и докажани методи за поставување на функционални системи во компаниите и резултатите што се постигнуваат со ваков тип на менаџирање.

наса 1

Изминатите 4 дена на покана на NewMan’s Бизнис Акцелераторот, Дејвид беше главниот гостин и говорник на Белградскиот Инвестициски Форум во Белград, а во Скопје доаѓа со цел непосредно да се запознае со локалната економија и најперспективните и најиновативни македонски компании и врз база на неговите заклучоци кои што ги развил во текот на 20 години искуство да им помогне да се позиционираат и на светските пазари.

Неговата експертиза и совети се барани од страна на лидери и менаџери во светот, во бизнисите од сите големини, непрофитни организации и здруженија, организации, вклучувајќи ги и владата и образованието. Просечната вредност за еден ваков настап на г-дин Голдсмит е 35.000 долари, а македонските бизнисмени ќе имаат привилегија да го запознаат лично во рамки на соработката на NewMan’s Бизнис Акцелераторот со AMES Истражувачки Центар на NASA од Силиконската Долина.

наса

Во рамки на тркалезната маса ќе може да се вклучат ограничен број на компании и претприемачи со цел овозможување на директна комуникација. Котизацијата за учество на овој настан е по привилегирана цена во висина од 600 денари со вклучена кафе пауза, а пријавите се вршат на contact@newmansba.com најдоцна до 16.11.2015 до 12:00 часот.

Информацијата за компаниите кои што ќе учествуваат и местото на одржување ќе ја објавиме на нашата веб страна до 16.11.2015.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО