21 Мај, 2024
0.0281

Трипуновски: Над 500 вработени во државното Водостопанство три месеци без плата

Објавено во: Економија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Над 500 семејства во АД Водостопанство веќе трет месец не земале плата, објави денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека директорот на државното претпријатие Илми Селами ги принудувал вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Вработени во претпријатието ја потврдуваат оваа информација.

„Додека има пари за скапи вина и луксузни коктели и јадења за Николовски, Димковски и нивните сопартијци од СДСМ, директорот Селами ги принудува вработените да потпишуваат Спогодба дека се согласуваат платата за мај месец да им биде исплатена во јули. Исто така претпријатието нема основни средства за работа, резервни делови, нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е премногу сериозен проблем. Но, повеќе од очигледно е дека власта и понатаму е глува на оваа алармантна ситуација. Меѓу овие 500 вработени има луѓе кои имаат потреба од секојдневна медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, има луѓе кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и луѓе кои имаат мали дечиња кои што чекат храна од своите родители, вели Трипуновски.

Апелира  до менаџерскиот тим на АД Водостопанство  и до министерот Димковски да престанат да прават, како што вели, притисоци и закани врз вработените кои си ги бараат заостанатите плати а кои што им се чесно заработени. Бара одговорност за целиот случај. 

Можеби ќе ве интересира

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Милиони евра од струја се прават во Македонија и со еден вработен

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи

СМРТТА НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Ситуацијата внимателно се следи