20 Мај, 2024
0.0431

Готвачите на ГАСТРОМАК се позлатија на натпреварот во Измир

ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ШЕФОВИ

Објавено во: Мои пари 10 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Тимот на Македонската Асоцијација на Готвачи и Шефови – ГастроМак Македонија, освои три златни медали на годинешниот Прв интернационален гастрономски натпревар во Измир, Турција, кој што се одржа од 06 до 08 мај, 2017 година.

Тимот на готвачи на ГастроМак Македонија, составен од шеф Бобан Билбиловски, Лирим Даути и Цветанче Тодоровски, се натпреваруваа во категоријата приготвување на риба, при што со нивните кулинарски вешти и креативност ги задоволија највисоките критериуми на натпреварот и ги освоија симпатиите на интернационалното жири.

''Македонските готвачи уште еднаш покажаа и докажа дека можат да се носат рамо до рамо со високите стандарди во светската гастрономија. Уште повеќе, да иновираат, да експериментираат и да ги наметнат своите вкусови и кај најпребирливите и строги меѓународни судии'', изјави претседателката на асоцијацијата ГастроМак, Адријана Алачки.

Исто така, на Асоцијацијата и беше укажана доверба, со тоа што на овој интернационален натпревар, како член на меѓународното жири, беше делегиран и еден од основачите на ГастроМак Македонија, Бесим Латифи, кој е лиценциран судија од WACS - Светската организација на шефови на кујни. “Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација и за мене лично, но е и признание за нашата Асоцијација”, изјави Латифи.

ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни во Македонија. Како национално здружение, ГастроМак ја претставува нашата држава како единствен претставник на Македонија во WACS, во која што членуваат национални асоцијации од над 150 држави во светот.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО