06 Мај, 2024
0.0224

ТРАМП ЗБЕСНА: Втор судија го блокира антимуслиманскиот указ

Објавено во: Свет 16 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Уште еден федерален судија му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, ревидирајќи ја неговата заповед против влегувањето на муслимани во САД. 

Судијата Дерик Вотсон од Хаваите ја поништи одлука на претседателот, со што требаше да им се забрани на граѓаните на 6 муслимански земји од Блискиот Исток и Африка да влезат на територијата на САД.

Во одлуката на судијата се наведува дека во наредбата не се споменува исламот како причина за ограничување на пристапот на овие држави, но, „еден логичен размислувач и објективен набљудувач би заклучил дека таа е издадена со цел да се стави во незгодна ситуација токму одредена религија“.

Од Министерството за правда со изјави коментираа дека „категорично не се согласуваме“ со одлуката на судот и ги ставаме под прашање овластувањата на судијата на Хаваите да се произнесува по власта на претседателот, одредена од Уставот.

Трамп од своја страна се фрли вербално врз судијата, обвинувајќи го дека „не тера да изгледаме слаби, а ние веќе не сме такви“. “Нели не мислите дека судијата го сторил од политички причини“, саркастично ја праша Трамп публиката на митинг во Нешвил, Тенеси. Множеството го исвиркаа судија Вотсон, а ветувањето на претседателот да поднесе жалба и оваа пресуда водат до долготрајна битка дури до Врховниот суд во Вашингтон.

Одлуката на Вотсон само привремено го запира делувањето на претседателската заповед - додека не му бидат претставени повеќе убедливи аргументи. Тој закажа и неодамнешна седница по тој повод, за да се реши судбината на наредбата која влијае врз граѓани на Иран, Либија, Сирија, Сомалија, Судан и Јемен.

Можеби ќе ве интересира

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

ИНВАЗИЈА НА ЕВТИНИ АВТОМОБИЛИ НА ЕВРОПА - ЕУ ѝ се заканува на Кина со тешки одлуки

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина