06 Мај, 2024
0.0262

Трамп тврди дека има огромен раст на деца со аутизам, ќе преземе итни мерки

Објавено во: Свет 15 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп планира да преземе сет на мерки со цел да се намали се поголемиот број на деца кои страдаат од аутистични нарушувања, па често споменува дека вакцините се една од главните причини за оваа состојба. 

Сепак, при посетата на едно училиште за деца со посебни потреби токму директорката му контрираше дека во последните години нема никаква „епидемија“ на аутизам или драстично зголемен број на случаи како што тој мисли. Според директорката Џејн Квиневил просекот се движи во рамките на истражувањата на медицинските власти кој изнесува едно аутистично дете од 66.  

Трамп нема да се откаже така лесно од своите убедување дека вакцините се штетни за децата, а тие ставови ги гради врз основа на сајтови и медиуми кои шират теории на заговор како InfoWars и Breitbart за кои има огромна почит бидејќи се во директен судир со мејнстрим медиумите. 

Трамп планира да формира посебно владино тело кое ќе ги истражува вакцините, нивниот квалитет, ефикасност и состојки со цел да се осигура дека не се штетни за здравјето на децата. 

Инаку досега бројни студии за аутизмот покажуваат дека нема епидемиски размери туку дека со посовремените техники на дијагностицирање се откриваат повеќе случаи, а и со самото кревање на свеста во општеството за оваа состојба се добива впечаток дека рапидно зема замав. 

Секако, научниците признаваат дека има тренд на зголем број на случаи во однос на 90-тите години, а последните истражувања покажуваат дека повеќе аутистични деца има кај повозрасните родители. Досега никој точно не може да утврди што го активира аутизмот бидејќи има повеќе ризик фактори, од генетски предиспозиции, до надворешни влијанија. 


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук