20 Мај, 2024
0.0261

ТОП ДИВИДЕНДА ЗА АТРАКТИВНИ АКЦИИ - преку блок трансакција поминаа акции на НЛБ Банка за 43 илјади евра

Објавено во: Финансии 06 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Сумата можеби не беше голема, но факт е дека некој реши одеднаш да плати 43 илјади евра за акции на НЛБ Банка.

На берзанска блок трансакција беа продадени и купени 92 акции на една од нашите најголеми и најуспешни банки во земјава, НЛБ Банка, по цена од 28.750 денари за акција, или беше платена вкупна сума од 43 илјади евра.

Ова е само многу ситен процент од вкупната акционерска структура на НЛБ Банка, или преку блок трансакцијата биле истргувани 0,01 отсто од бкупниот број акции на НЛБ Банка, кои се 854.061 на број.

Ако се погледне по која цена вчера се продавале акциите на НЛБ Банка, може да се забележи дека таа на вчерашното редовно тргување изнесувала 28.674 денари за акција просечно, што значи дека блок трансакцијата поминала по речиси иста цена за акција како и на редовното тргување, односно по само малку повисока цена од класичното тргување. Вчера на редовното тргување, пак, се продала многу поголема количина од блок трансакцијата, оносно 325 акции.

Додека, пак, убедливо најголема количина во еден ден е истргувана во четвртокот, последниот работен ден од минатата недела, кога биле продадени и купени 575 акции на НЛБ Банка, а цента бил 28.768 денари за акција, или незначително повисока од вчерашната блок трансакција.

Највисока цена, пак, акциите на НЛБ имале на 3 мај, и тоа 32.226 денари просечна цена за акција на редовното тргување. Тоа всушност се поклопува со 2 мај, односно е ден претходно откако НЛБ Банка објави дека нето дивидендата по акција изнесува 2.188 денари. Тогаш сме прогнозирале дека овој износ на дивиденда и принос ќе доведе до пораст на цената на акцијата на НЛБ Банка.

Инаку, пред неколку дена и Собранието на акционери ја потврди одлуката за исплата на дивиденда.

Акционерите на НЛБ Банка ќе добијат вкупна дивиденда од 33,8 милиони евра, што се добива ако се собере предвидениот износ за дивиденда од 27,7 милиони евра од ланската добивка, како и 6,1 милиони евра од акумулираната добивка од 2021 година.

Во моментов доминантен и единствен сопственик кој поседува над 5 отсто од акциите во НЛБ Банка е Нова Љубљанска банка АД Љубљана, која поседува 86,97 отсто од акциите во НЛБ Банка.

Тоа значи дека кај словенечката банка која е мајка на нашата НЛБ Банка, во форма на дивиденда ќе завршат 29,4 милиони евра во форма на дивидена.

Покрај главниот акционер од Љубљана, во НЛБ Банка има и многу домашни физички и правни лица кои се акционери, и тоа 123 домашни правни лица, односно фирми или банки, кои поседуваат вкупно 30.324 акции или 3,55 отсто, како и 906 домашни физички лица, кои располагаат вкупно со 77.178 акции или 9,04 отсто.

И странски физички лица кои се 17 на број поседуваат акции од НЛБ Банка, и преку нив држат 0,2 отсто од капиталот.

А покрај Нова Љубљанска, уште пет други странски правни лица имаат акциии во НЛБ, но и нивниот сопственички процент е ситен.

Исплатата на дивидендата ќе почне 30 ден по одржувањето на Собранието на акционери.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

„ФОРБС“ ОТКРИ ПОВЕЌЕ ОД 20 МИЛИЈАРДЕРИ СО БРОЕН ИМОТ ВО ДУБАИ: Рајот за богаташите е тука

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

ПОКРЕНА БИЗНИС СО КРЕВЕТИ, БЕЗ НИЕДЕН КРЕВЕТ: Запознајте го Брајан Чески, креаторот на платформата Airbnb

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот