22 Мај, 2024
0.0309

Тодор Бурназовски: Не го запознав мојот татко партизан, но се гордеам со неговата храброст

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

“11 Октомври 1941 година! Страв, неизвесност, први снегулки. Партизаните од кумановска чета го задале првиот удар кај областа  Карадак  во кумановската котлина. Притиснати од окупаторската војска, група од десетина партизани се засолнила во блиската воденица, но набрзо ги издале. Младите борци се наоѓале  во областа Менкова колиба. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. До последниот здив се бореле со неколкукратно поголемиот непријател. Меѓу нив бил и мојот татко, партизанот Киро Бурназовски”- раскажува за Фактор, седумдесет и пет годишниот Тодор Бурназовски. Оваа случка вели со години му ја раскажувала неговата мајка која тогаш станала член на партизанскиот одред. Тодор никогаш не го запознал својот татко кој  загинал на браникот на татковината. Вели се родил неколку месеци по неговата смрт, а за храброста на младите партизани од кумановската бригада слушал од нивните соборци.

Таа студена октомвриска ноќ загинале десетина млади партизани. Карадачкиот одред се разделил бидејќи имале дојава дека окупаторот се концентрира кон градот и околината. Група партизани се упатила кон Белановце. Десетина се скриле во воденицата, но не ни помислувале дека тоа ќе биде нивната кобна судбина- раскажува Бурназовски.

Неговата мајка Слободка- Ботка Бурназовска останала активна во народноослободителната борба. Нејзиниот син раскажува дека поминала многу премрежија, била заробена од бугарската војска, но тоа не ја поколебало да ја продолжи борбата, ниту го скршиле ентузијазмот и желбата да се стигне до слободата. Таа го доживеала ослободувањето, а народноослободителната историја ја пренесувала до длабока старост.

Храброста и имињата  на загинатите борци од кумановската област се испишани на спомен костурницата во Куманово, а првоборецот Киро Бурназовски има биста пред фабриката “11 Октомври” во Куманово. Денеска семејството е на одбележување на годишнината од  почетокот на борбата за слобода. За нив  празникот има големо значење, потсетување  за храброста, гордоста, прерано згаснатиот живот за слобода.

Македонија одбележува 76 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнале  бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застанала  на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази