20 Мај, 2024
0.0286

Тевдовски на EuroFi: Потребен е интегриран пазар на капитал во регионот

Објавено во: Финансии 26 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Драган Тевдовски ја сподели визијата за интегриран пазар на капитал во регионот, во своето обраќање како панелист на EuroFi 2018. На конференцијата министерот беше дел од панелот "Развивање на регионален финансиски пазар за Југоисточна Европа".

Во насока на реализирање на визијата за интегриран пазар на капитал е и создавањето на SEE Link платформата за тргување, односно регионалната берза, каде се очекува вклучување на уште две земји од регионот.

Што се однесува до Македонија, министерот за финансии Тевдовски истакна дека издавањето на нови инструменти како 30-годишната обврзница, придонесуваат за раздвижување на пазарот на капитал.

Тевдовски спомна и дека во Министерството за финансии се подготвуваат нови закони за хартии од вредност, со кои целосно се усогласуваме со законодавството на Европската унија.

Важен чекор за развој на пазарот на капитал е и формирањето на Советот за развој на пазарот на капитал. Министерот Тевдовски претседава со овој Совет, во кој членуваат претставници на финансиските институции во земјата.

Македонија за прв пат учествува на оваа коференција организирана во рамки на претседавањето на Бугарија со Советот на Европа. На конференцијата учествуваа и министри за финансии на земјите од ЕУ, членови на Европската Комисија, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски организации и претставници од финансискиот сектор.

Покрај Тевдовски, панелисти на конференцијата се и министрите за финансии на Бугарија, Луксембург, Италија, Литванија, Грција и Белгија.


Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат