19 Мај, 2024
0.0305

Тепачка меѓу Сиријци, Авганистанци и Ирачани во кампот Морија

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во бегалскиот камп Морија на островот Лезбос ноќеска, околу полноќ  избија судири меѓу бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак.

Во нередите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата. Судирите избиле во делот каде престојуваат само малолетни бегалци без придружба на родители. Инцидентите почнале, наводно, кога група бегалци од Сирија била нападната од малолетници од Авганистан, кои, пак, реагирале дека биле постојано на мета на бегалците од Ирак. Искршени се портите на делот каде се чуваат малолетници и бил целосно демолиран еден пластичен контејнер.

Со интервенција на специјалните сили на полицијата, околу 4 часот утринава ситуацијата била смирена и ставена под контрола.

Исходот од судирите е огромен број повредени деца и возрасни, на кои веднаш им била укажана медицинска помош.

Покрај нападите и демолирањето, околу 40 деца успеале да избегаат од кампот кон градот и во нивите околу кампот, поради што полицијата организираше потрага во текот на ноќта за да ги најде и да ги врати сите назад во кампот.

Се смета дека овие судири се случуваат поради сè поголемата нетрпеливост на бегалците поради тоа што се заглавени во бегалските центри во земјата без каква било надеж дека наскоро ќе може да заминат кон некоја од западните или северните европски земји.

Во бегалскиот центар на Лезбос има 5.388 бегалци, иако островот има капацитет за само 3.500 лица во бегалските центри.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс