17 Јуни, 2024
0.0275

ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: Четвртина од Италијанците веруваат дека коронавирусот е создаден за контрола на луѓето

Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните на Италија сметаат дека има заговор околу коронавирусот. 

Четвртина од Италијанците веруваат во теории на заговор за  Ковид-19, особено дека вирусот е создаден во лабораторија за да влијае на рамнотежата на силите во меѓународните односи или дека тој воопшто не постои и се користи како изговор за контрола врз луѓето.

Секој петти Италијанец или 20 проценти сметаат дека вирусот потекнува од лабораторија и бил намерно проширен за да влијае на рамнотежата на силите во светот, а пет отсто од испитаниците изјавиле дека новиот коронавирус воопшто не постои, но се користи како изговор за контрола на луѓето и економија.

33 проценти сметаат дека вирусот е произведен од Кинезите за да ослабнат други земји, 21 отсто истакнале дека тоа го направиле големи интернет компании за да се збогатат, 20 проценти дека е создадено од светски елити за да наметнат здравствена диктатура и 16 отсто дека е создаден од мафијата за да се збогати и да ја зајакне својата моќ.

44 проценти од испитаниците изјавиле дека сигурно ќе се вакцинираат, а 26 отсто само доколку вакцината е задолжителна. Од анкетираните 11 проценти одговориле дека нема да го сторат тоа дури и ако треба, а 19 проценти засега не знаат што ќе одлучат.

Испитаниците се многу критични кон младите, за кои велат дека се главните преносители на новиот коронавирус Така, 71 процент од нив изјавиле дека воглавно или целосно се согласуваат со проценката: „Денешната младина порасна во благосостојба, па дури и во време на Ковид-19 не се подготвени да направат никаква жртва за општо добро”.

Анкетата ja направи СВГ (SWG) на примерок од 800 испитаници за телевизиската мрежа Ла7.

Кинезите пак го посочија доказот дека коронавирусот прво се појавил во Европа. 

Властите се повикуваат на нова студија која сугерира дека заразата можеби се ширела во Европа уште во септември лани, три месеци пред да биде потврдено дека се шири во кинескиот град Вухан, објави „Тimes of London”.

Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Италија, 11 месеци од почетокот на пандемијата, надмина 50.000, а само во последните 24 часа е зголемен за 630 нови жртви на инфекцијата, јави агенцијата Анса.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

Се ближи крајот на ерата на евтини авионски билети во Европа: Зелената транзиција „удри“ на авиокомпаниите

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

24 интересни факти за домаќинот на ЕВРО2024: Луди закони, рекорди и навики кои ги разбираат само Германците

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ОДЛУЧИJА: Еве какви се плановите за руската нафта