20 Мај, 2024
0.0265

Тасевски за Ефтов: Не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

По сите реакции што денеска во јавноста ги предизвика емисијата на Васко Ефтов во која директорот на Драмски Театар, Сашо Тасевски го напушти интервјуто, тој  се огласи во јавноста.

„Преќутев, не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто…Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме, туку да се занимава со мене со цел да ме искомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно “– тврди Тасевски. 

Тој наведува дека некој смислено го избрал за таа цел, а тоа можело да се види и по омразата на оние кои го плукаат и физички му се закануваат.

Тасевски прашува дали воопшто пропагандата може да се нарече новинарство. 

Актерот и директор на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски имаше жестоко интервју со Васко Ефтов кое го прекина по околу 40 минути разговор. Тасевски одговораше на прашања дали бил дел од Шарената револуција и дали тоа е клучот за неговата функција, а од Ефтов беше критикуван дека сега не бил така гласен во јавните настапи како против поранешната власт, особено со изборот на Талат Џафери како претседател на Собранието. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража