ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2024
Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир каде се чува изборен материјал.
Во Полициската станица Бит Пазар денеска е пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако ги видел полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Не е причинета штета на капијата, ни на изборниот материјал. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Денеска гласаат затворениците, болните, лицата во старечки домови и дијаспората.