ТАЈНА НА СРПСКИТЕ МИЛИОНЕРИ: Еве со што се занимавале и станале богати
Стручњаците сметаат дека новите занимања од кои може многу да се заработи придонеле да има повеќе милионери во Србија.
Објавено во: Економија, Балкан 16 Септември, 2016
Од година во година расте бројот на домашни и странски државјани кои плаќаат данок на доход, а посебно оваа појава е изразена во Војводина.
Судските извршители се едни од најбогатите, а многу странци доаѓаат во Србија, отвараат фирми, ги плаќаат вработените и плус имаат шанса да заштедат.
Тоа придонело да се зголеми бројот на обврзници кои тројно заработиле од просечна српска плата.
Просечна српска плата по три пати помножена е два милиони динари.
За лани прагот бил 2.2 милиони динари.
Оваа бројка ја поминале скоро 20.000 луѓе, а во Војводина бројот е 3.605 луѓе или 380 повеќе од лани.
Се споменуваат и менаџерите како луѓе кои имаат високи примања.