21 Мај, 2024
0.0293

СЗО ОБЈАВИ КОИ ЗЕМЈИ СЕ НАЈДОБРО ПОДГОТВЕНИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Каде се наоѓаме ние на листата

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Светската здравствена организација и нејзиниот генерален секретар Тедрос Адхан Гебрејсус пред две години објавија дека разорна епидемија би можела да тргне во било која земја, било каде, и дека светот на тоа нема да биде подготвен.

Светот сега повеќе од два месеци е во паника поради новиот корона вирус, а поради тоа е важно и да се види колку тој е подготвен за пандемија.

Во истражувањето на СЗО учествувале 195 земји, а заклучокот е дека здравствената безбедност е „темелно слаба“ ширум светот, и дека ниедна земја не е целосно подготвена да го реши тоа.

Тајланд меѓу најподготвените

Во извештајот се користени достапни информации за можноста на секоја земја да ги спречи, открие и реагира на здравствени кризи, со капацитет од 0 до 100, со 100 што укажува на највисоко ниво на подготвеност.

На листата „најподготвена земја“ е САД со 83,5 поени, а потоа следат Велика Британија (77.9), Холандија (75,6), Австралија (75,5) и Канада (75,3). Во оваа категорија најповолни земји се и две држави надвор од кругот на западното општество - Тајланд и Јужна Кореја.

Кина, во која изби тековната појава на вирусот корона, се најде на 51-то место со 48,2 поени.

Каде на листата е Македонија?

Македонија на оваа листа од 195 земји го зазема дури 90-то место.

Од остаткот на регионот најдобро е пласирана Словенија која се наоѓа на 12 место, Хрватска на 38 место, Албанија на 39, Романија и Бугарија на 60, односно 61 место, Црна Гора на 68, БиХ на 73, додека Србија е на 41 место.

Поголемиот дел од Европа, Русија, Блискиот исток, Азија, Средна и Јужна Америка се опишуваат како „во глема мерка се подготвени“ помеѓу 66 и 34,3 поени, додека поголемиот дел „најмалку подготвени“ се земјите во Африка.

На самото дно на листата се наоѓа Северна Кореја која со 15,5 поени го зазема 193 место, Сомалија (16,6) и Еквадоријална Гвинеја (16,2), пренесе српски Телеграф.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп