19 Мај, 2024
0.0283

Судот го прифати обвинението за „Моќник“: Наскоро рочиште за Милошоски и Аџиев

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд го прифати обвинението за “Моќник”, и наскоро се очекува да биде одредено рочиштетѕо за пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко Милош Милошоски, поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, и дел од членовите на комисијата.

Информацијата ја потврди Кривичниот суд, а наредниот чекор е преку АКМИС системот да се одреди кој судија ќе го суди предметот, објави „Фокус“. Предметот „Моќник“ го отвори поранешното СЈО, а обвиненијата беа изготвени од ОЈО пред два месеци.

Основното јавно обвинителство Скопје на 24 август поднесе обвинение за случајот „Моќник“. Обвинети се сите 13 лица кои беа опфатени во истрагата, меѓу кои и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски. Против три лица, меѓу кои и Милошоски, е поднесен обвинителен акти, а против десет е поднесен обвинителен предлог.

Пратеникот е третоосомничен и се товари за делата измама и за злоупотреба на службената положба и овластувања. Предметот се однесува на продажба на државен и имот на општината, како и за нарачана лустрација против судијата кој во меѓувреме почина.

Веднаш по поднесеното обвинение се огласи Милошоски, според кого Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците.

„Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кои ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта.

Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев“, реагираше Милошоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража