19 Мај, 2024
0.0256

Судири на Хиос и на Лезбос

Нови немири со мигрантите во Грција.

Објавено во: Балкан 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Инциденти и судири меѓу граѓаните, полицијата и бегалците имаше на граѓанскиот протест на островот Хиос. 

Граѓаните протестираа против владината политика за бегалците на островот. Полицијата употреби солзавец кога група граѓани среде мирниот протест, со кој жителите на Хиос бараат владата да пресели дел од бегалците бидејќи има двојно повеќе луѓе од капацитетот на островот, се обидоа да тргнат кон бегалските центри и да го продолжат протестот пред нив.

Ситуацијата се смири на кратко, но група луѓе успеаја да го пробијат полицискиот кордон и од центарот на градот се упатија кон бегалскиот центар Суда, каде има околу 1.800 бегалци и мигранти.

Околу 150 луѓе на патот кон бегалскиот центар ја пееја грчката химна и извикуваа пароли против бегалците. Истите сцени продолжиле и пред бегалскиот центар, а бегалците внатре, кои до тој момент и не знаеле дека има протест против нив, почнале протест против условите во кои живеат со барање да бидат префрлени во Атина и да си заминат од Грција кон Европа. Немирите внатре имаше и меѓу бегалците и граѓаните на Хиос. Бегалците почнале да фрлаат камења кон демонстрантите надвор од кампот.

Во немирите и протестот на граѓаните, мета биле и новинарите на Хиос. 

На островот Лезбос дојде до нови судири меѓу бегалците во бегалскиот центар Морија. Инцидентите почнале во 1 часот по полноќ, кога група бегалци од Авганистан нападнала бегалци од Северна Африка со камења и со дрва.

Нападнатите го возвратиле ударот и физичката пресметка се проширила и во другите делови на кампот. Во судирите имало повредени, а во мешаницата повторно успеала да избега група бегалци кои не сакаат да останат во бегалскиот центар, од каде треба да бидат вратени во Турција.



Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс