19 Мај, 2024
0.0297

СТРУЈНАТА КРИЗА ГО ТРЕСЕ ЕСМ - само за три месеци долгот на државните електрани пораснал за 10 милиони евра

Објавено во: Економија 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Расте долгот на државните електрани во земјава. На крајот на март годинава, акционерското друштво во сопственост на државата, ЕСМ, ималo долг од 17 милиони евра, говорат најновите бројки на Министерството за финансии.

Тој податок може да се види од листата која ја објавува Финансии за државните должници во земјава, според која, на крајот на првиот квартал од годинава, АД ЕСМ е на трето место од борчлиите од јавниот сектор, веднаш после постојаните неславни две први места, а тие се МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура.

АД ЕСМ на крајот на минатата година имале долг од 7,3 милиони евра и исто така биле во првите 10 државвни должници.

Сепак, овие показатели говорат дека за само три месеци, односно од почетокот на годинава па до крајот на март, долгот на државните електрани пораснал за цели 10 милиони евра, што всушност се поклопува со стартот на периодот на најжестоката енергетска криза и во светот, а и во земјава.

Претходно, пак, на крајот на третиот квартал лани, односно заклучно со септември, АД ЕСМ имале многу помал долг, односно тој изнесувал само 1,44 милиони евра. Што би значело дека во последнава половина година долгот на ЕСМ е зголемен за близу 16 милиони евра.

А, токму на крајот на март годинава Фактор објави информација дека АД ЕСМ веќе повеќе од еден месец дотогаш немале добиено пари од Владата за покривање на загубите од кризата со електрична енергија, но затоа и натаму се барале различни начини како да се финансира „дупката“ што се јавува од разликата помеѓу скапата набавна и релативно евтината продажна цена за домаќинствата.

Една од последните одлуки, како што тогаш пишувавме, беше едно од поликвидните акционерски друштва во државна сопственост да им префрли позајмица на државните електрани, по донесената таква согласност на Владата. Од ЕСМ потврдија дека сумата што ја добиле од Државна лотарија на РСМ е 90 милиони денари, односно околу 1,5 милиони евра.

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ, пак, ден претходно изјави дека на компанијата до крајот на годината ќе и бидат потребни уште 100 милиони евра за надминување на енергетската криза. Тој најави и задолжување кај Европската банка за обнова и развој, со кредит од 50 до 100 милиони евра.

„ЕБОР дава можност за кредитно задолжување со камата под еден процент, исплата на шест години со грејс период од шест месеци. Станува збор за сума од 50 и 100 милиони евра за покривање на разликата од производната и продажната цена“, најави Ковачевски.

Инаку, кон крајот на април годинава Електрани на Северна Македонија објави дека со новиот пакет на мерки на штедење се намалени платите на директори, намалени се јавните набавки, како и расходите на ова акционерското друштво во државна сопственост.

„Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите“, известија од државни електрани.

Во годишниот план за јавни набавки има намалување за 96 милиони евра, во финансискиот план се кратат расходи за 8,3 милиони евра, а во инвестициската програма има редуцирање на 117 милиони евра.

Инаку, како што тогаш пишувавме, само во февруари кризата принудно ја натера Владата да им исплати 58 милиони евра на државните електрани. Кога ќе се стави се на збир, излегува дека во 2022 година за неполни два месеци се потрошени 80 милиони евра од владиниот буџет. Ако на ова се додадат и парите од 2021 по прогласувањето на енергетската криза, вкупниот износ грубо пресметан е 166 милиони евра.

Треба да се спомене и дека од 20 јануари годинава, согласно одлука на Владата, ЕСМ го презеде управувањето со топлинската енергија.

„Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка“, соопшти тогаш владината Прес-служба.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?