20 Мај, 2024
0.0328

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОРГАНИЗИРАА ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Денес, на 21 мај 2017 година, на Светскиот ден на културни различности, во Градскиот парк во Скопје, Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори организираа хуманитарен јавен настан со автентични гурмански специјалитети од различни земји.

По големиот успех од минатогодишното издание на Светскиот пикник, Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори продолжија со идејата за промовирање на културата на странските компании - членки на Советот на странски инвеститори преку нивната традиционална храна.

Странските инвеститори кои доаѓаат од Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД, Словенија, Турција и Швајцарија ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат  гастрономијата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни. Денот беше збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца. 

-Овој настан беше одлична можност да се прослави долгогодишната посветена работа на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и ветување за понатамошни успешни проекти, настани и случувања кои ќе ја потврдат нивната општествена одговорност, - изјави Штефан Петер,  претседател на Советот на странски инвеститори. Компании - членки на Советот на странски инвеститори вработуваат повеќе од 50.000 граѓани.

Среќни сме што Советот за странски инвеститори успешно функционира и работи во рамкки на Стопанската комора на Македонија. Денес, заеднички го организиравме овој настан што претставува своевиден доказ дека и домашните, но и странските инвеститори, покрај тоа што работат во насока на раст и развој на своите компании, подеднакво придонесуваат и за општото добро за граѓаните и општеството во целина, истакна оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елена Милевска Штрбевска.

Македонската јавност - граѓаните и претставниците на бизнис заедницата кои присуствуваа на Светскиот пикник покрај можноста да се запознаат со различните вкусови на  интернационалните кујни и да уживаат во музиката на годинешната македонска претставничка на Евровизија - Јана Бурческа, беа дел и од хуманата намера на настанот бидејќи храната се послужуваше за симболична цена од 100 денари, а собраните парични средства ќе бидат донирани на народната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и на Хуманитарното здружение „Ел-Хилал“.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО