СТОЛТЕНБЕРГ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Каква агенда ќе има утре?
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вечерва пристигнува во Скопје и ќе биде во дводневна посета на Македонија.
Средбите со политичарите Јенс ги почнува утре. Тој прво ќе разговара со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, потоа во Вилата Водно ќе го прими претседателот Ѓорге Иванов, ќе има средби и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според агендата, напладне Столтенберг ќе им се обрати на пратениците по што во Парламентот ќе се сретне со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на ДУИ, Али Ахмети. Посетата ќе ја заврши со средба со премиерот, Зоран Заев и со прес конференција во Владата.
Столтенберг за првпат доаѓа во Македонија и воопшто во регионот, а за неговата посета Владата работела од јуни лани.