21 Мај, 2024
0.0282

Стоилковски: Блиски на Филипче стекнале недвижнини од 13.500 м2 на Водно

Објавено во: Македонија 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција обвини дека блиски на Венко Филипче, откако тој е министер за здравство, се стекнале со недвижен имот од 13.500 метри квадратни на Водно.

Според Стоилковски, едниот имот е на Горан Филипов, сопственик на фирмата Синерџи, компанијата која што од именувањето на Филипче за министер до денес, има добиено тендери од Министерството за здравство и институциите под негова надлежност, тешки околу 7 милиони евра. Според податоци објавени од Катастарот, Венко Филипче преку неговата Сопруга Маја, нејзината мајка Катерина Савеска, таткото Јордан Савески и братот Александар Савески, заедно со Горан Филипов, заедно поседувале 11 катастарски парцели на Водно.

- Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2. Горан Филипов е сопственик односно сосопственост на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2. Согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со  Архитектонско Урбанистички План,  финансиран од Инвеститорите за споменатите локации е предвидена намена А4. А4 означува времено сместување со катност П + 1 + Пк и со вкупно развиена површина е 324 м2 или 108 м2 по кат. Согласно правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање,, под времено сместување се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување, рече Стоилковски.

Тој додава дека пред објектот наречен Касарна се гради семејна куќа и дека фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат 2 објекти со намена Времено сместување.

„Спрегата меѓу Филипче и Филипов е многу поголема и трае многу подолго отколку што вели Филипче. Се работи за добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Филипче му одобрува тендери од 7 мил евра! Оттука прашуваме, што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо да изгради на пример една болница или Клиничкиот центар? Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13?“, прашува Стоилковски.


Можеби ќе ве интересира

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка