20 Мај, 2024
0.0266

Српската полиција во невозможна мисија:Како до доказ дека Мишковиќ подмитувал политичари

Објавено во: Балкан 18 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Докажувањето дека некои политичари земале мито од Мирослав Мишковиќ ќе биде многу тешка мисија, дури и ако самиот Мишковиќ каже некои имиња, сметаат експертите. Шефот на антикорупцискиот тим Богдан Пушиќ изјавил дека Мишковиќ кажал дека на некои од политичарите им има дадено пари, но кажал и оти за тоа ќе зборува кога ќе дојде време. Но за некој од политичарите да биде  обивнет за мито нема да биде доволна само изјава, туку и матерјални докази. Најдобро е некој од  нив да биде фатен на дело , но тоа во случајот на сопственикот на „Детла“ не е возможно. Единствено преостанува да се следи текот на парите, што е многу тешко. -Тие пари никогаш не биле префрлени на сметка во Србија. Исплаќани се во странство или  во ќеса на рака. На пример: Мишковиќ може да каже дека ги финансирал Александар Вучиќ и Томислав Николиќ, ако се реши на  инат варијанта или пак може да спомене било кој што од страна ќе му го дошепнат. Тоа би била информација за внатрешна политичка употреба, но не и за кривична постапка. Тој би можел да бира кој ќе обвини, но искрено не верувам дека тоа ќе го направи, изјавил адвокатот Божо Прелавиќ. -Не може да се води постапка само за злопупотреба на службена положба, туку и за корупција во која по дефиниција мораат да учествуваат и поединци од власта, изјавил професорот и бивш судија Зоран Ивишевиќ. Тврдењата дека Мишковиќ имал свој платен список на политичари на кои месечно им давал од 30 до 50 илјади евра остра ги дематираа голем дел политичарите. Министерот за транспорт во Србија Милутин Маркоњиќ за медиумите изјавил дека ќе ги тужи сите оние кои тврделе дека и неговото име се наоѓа на листата на Мишковиќ. - Петнаесет години Мишковиќ не сум го ни видел ни слушнал, ова е апсурдно што ми го товарат,го имам видено само неколку пати уште кога Слободан Милошевиќ беше жив, изјавил Маркоњиќ. Министерот за финансии Динќиќ изјавил дека сопственикот на „Делта“ холдинг никогаш ништо му нема побарано, ниту пак дадено, и дека со  него се состанувал како и со сите стопанственици. Динќиќ истакнал дека со Мишковиќ се состанувале и разговарале сите политичари кои нешто значеле во Србија, од Зоран Ѓинѓиќ до Томислав Николиќ.  

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс