26 Април, 2024
0.0281

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ШТО ЗАВРШИЛЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА ДА НЕ ОЧАЈУВААТ - сите ќе добијат домашна платежна картичка

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Сите што пратиле приговори за домашната платежна картичка, а кои се оправдани, односно овие граѓани ги исполнуваат условите, ќе ја добијат картичката, уверуваат за Фактор од Министерството за финансии. 

Како што е познато, досега се испечатени вкупно 250.000 картички, а од нив 100.000 картички се веќе испечатени, испратени кај граѓаните и активирани. Се очекува дека до крајот на неделава би требало да се испечатат сите 324.500 картички. 

Фактор го праша Министерството за Финансии што е со оние средношколци кои завршиле средно училиште, а се уште не се запишале на факултет, бидејќи уписите се во август.

„Тие имаат право да ја добијат картичката. Всушност, листите се правени на 22 мај, кога тие се уште беа во средно училиште. Но, од неколку училишта не беше доставена добра база на податоци. Тие приговори се проверуваат и на овие ученци ќе им биде позитивно одговорено“, велат од министерството. 

Инаку, за домашните платежни картички беа испратени 50.000 мејлови, но од нив, како што велат од Финансии, близу половината, односно околу 20.000, биле прашања, за некои нејаснотии што ги имаат граѓаните околу картичките, а не конкретни приговори. На овие мејлови е веќе одговорено, велат од министерството.

За другите 30.000 кои се класични приговори, за сите нив, нивните матични броеви се извадени и се дадени на проверка до Фондот за здравство, Министерството за образование и наука, Управата за јавни приходи, како и Агенцијата за вработување.

„На сите овие приговори се работи забрзано, и веќе од следната недела се очекува, за сите уважени приговори, да се печатат картичките. Како што се обработуваат приговорите, така и се одговараат“, велат од Финансии

Но, нагласуваат дека некогаш некои од граѓаните не ги исполнуваат условите, но тоа не го знаат.

„Имаме случаеви на пример, некој што е невреаботен а се пријавува во Агенцијата на шест месеци, што значи дека не е активен барател на работа, да реагира зошто не ја добил картичката, а со Уредба на Владата јасно е кажано дека картичките ги добиваат оние што се активни баратели на работа. Што значи дека тој граѓанин не исполнува услови да ја добие картичката“, објаснуваат од Финансии.

Или, имало реакции од вонредни студенти, кои исто така не ги исполнуваат условите за картичката од 3.000 денари. 

Односно, на сите приговори би требало да се одговори до крајот на неделава, но од Финансии не сакаат да лицитираат со конкретни рокови, со цел потоа да нема реакции доколку не се постигне да се одговори токму во тој период. 

Всушност, нагласуваат од Финансии, до 18 јули треба да заврши целиот процес околу картичките, односно сите што ги заслужуваат да бидат известени за тоа, картичките да бидат испечатени и да бидат испратени до корисниците. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија