20 Мај, 2024
0.0283

Средба на партнери од Долна Нормандија и Македонија во Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На 3 и 4 ноември 2015 година во Скопје се одржува годишна средба на Соработката Долна Нормандија и Македонија. На оваа средба ќе се сретнат 70 партнери од Нормандија и Македонија, градоначалници, претставници на министерстсва, здруженија на граѓани, средни училишта, културни институции. Целта на средбата е да се дискутираат досегашните и идните активности во рамките на оваа уникатна соработката. Средбата ќе биде отворена од страна на Нејзината екселенција, Лоранс Оер, Амбасадорка на Франција во Македонија, г. Љупчо Пренџов, Заменик Министер за локална самоуправа и г-ѓа Сабин Гише Лебаји од Регионот Долна Нормандија.

Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија веќе 10 години поддржува проекти во областа на локалното владеење преку размени на двете територии во прилог на децентрализација и поддршка во процесот на интеграција на Македонија во Европска Унија и станува сè побројна и поактивна од година во година. Соработката помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија е поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија, Министерството за надворешни работи на Франција. Програмата за соработка е координирана од страна на АЛДА: Европската асоцијација за локална демократија.

Во 2015 година во рамки на Соработката Долна Нормандија – Македонија беа одобрени 13 проекти кои се во тек на спроведување од страна на општини и здруженија на граѓани. Исто така, 8 општини од Македонија се збратимени со локални власти од Нормандија и соработуваат со голем интензитет. Започнаа да се спроведуваат и голем број активности на новата тема во соработката „Првата светска војна и Македонија“, меѓу кои голема меѓународна Конференција „Првата светска војна во колективната меморија - размена на искуства на Балканот“ кој ќе се одржи во Скопје на 5 и 6 ноември 2015 година.

Годишните средби на партнерите на соработката се сè побогати со нови искуства и партнерства од година во година. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија продолжува со динамичен интензитет и големи перспективи за иднината.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО