19 Мај, 2024
0.0264

Србија пред банкрот? Ќе враќа по 2 милиони евра дневно само за камати!

Објавено во: Балкан 25 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Србија само за камати во 2013 година, дневно ќе треба да одвојува два милиони евра, што повторно ја става на чекор од банкрот, пишува српскиот весник „Блиц“.

За да илустрира колку е голем тој трошок, Блиц пишува дека според пресметката, за  само еден ден финансирање на каматите, Србија може да изгради болница, а за два дена училиште. Така на пример, изградбата на кардиохируршката клиника во Ниш,  државата ја чинела 1,7 милиони евра, додека новото основно училиште „Драган Лукиќ“ во Белград околу 3,5 милиони евра.

Србија во 2013 година за камати ќе треба да одвои 750 милиони евра, без враќање на главницата од 4,5 милијарди. Економистите предупредуваат дека треба да се каже стоп на задолжувањето, инаку во спротивност државата ќе банкротира.

„Банкротот ќе дојде сигурно, само не знаеме кога точно. На тоа јасно укажува стагнацијата во растот на производството, што трае со години и забрзаното задолжување на државата“, нагласува економистот Мирослав Прокоплијевиќ.

„Ризикот од банкрот постои бидејќи од 2009 година јавниот долг е двојно зголемен во однос на производството. Тоа може да се избегне ако државата го исполни планот и го задржи дефицитот на предвидените 3,6 отсто. Планот е 2013 година да биде последна година на зголемување на јавниот долг, а до 2014 полека да се намалува задолженоста“, вели  за Блиц, Владимир Вучковиќ, член на Фискалниот совет

Владимир Глигоров, соработник на Виенскиот институт за економски студии, тврди дека Србија е се поблиску до грчко сценарио.

„За 2013 година основно е дали ќе продолжи растот на јавниот долг, што Владата не го планира, но сите го очекуваат. Ако тоа се случи, ќе биде потребно дополнително намалување на јавните трошоци или зголемување на даноците, а многу веројатно и двете. Ако тоа ја продолжи рецесијата, тогаш одржливоста на јавните финансии во Србија сериозно ќе бидат ставени во прашање“, тврди Глигоров.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс