СПУТНИК V произведен во Торлак ќе биде и за земјите од соседството, но сега нема потреба да нарачуваме дополнителни количини, кажа Филипче
Објавено во: Македонија 15 Април, 2021
Во средината на
мај се очекува да бидат произведени првите вакцини во српскиот институт за
вирусологија „Торлак“, но засега Македонија нема да прави дополнителни нарачки,
бидејќи како што денеска изјави министерот за здравство, Венко Филипче, земјава
обезбедила доволно дози.
- Имав состанок со директорката на Институтот „Торлак“. Ни кажаа дека покрај тоа што приоритет ќе им биде нивната земја и граѓани, приоритет ќе бидат и соседните земји на Србија што сметам дека е добра политика. „Торлак“ е единствената фабрика од областа на фармацијата во регионот која има можност за стерилно производство на тие ампули во пакување како вакцините. Нема ниту една друга компанија која тоа може да го направи. Но, нас во овој момент не ни треба ниту една нарачка повеќе затоа што според планот како што е димензиониран и сите договори, ние имаме обезбедено 2,6 милиони вакцини, рече Филипче.
Процесот ќе биде заокружен, истакна тој, откако по 800.000 вакцини треба да пристигнат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа 200.000 руски, како и 200.000 кинески вакцини, преку системот на солидарност од ЕУ Македонија треба да добие 100.000 илјади вакцини, а во мај треба да пристигнат и 500.000 вакцини од кинскиот производител „Синовак“.