19 Мај, 2024
0.0327

Спасовски за ограничувањето на број на гости: И денеска има механизми за контроли и проверки на домовите

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, на денешниот брифинг со новинарите, рече дека домот е уставна категорија и дека ќе треба детално да се анализираат механизмите за тоа како би се спровеле контролите и проверките при евентуално непочитување на најавената предлог-мерка од Комисијата за заразни болести која предизвика негативни реакции во јавноста.

Првиот човек на МВР ова го најавува по вчерашната прес-конференција на министерот за здравство на која Венко Филипче промовираше три предлог-мерки од Комисијата кои што треба да бидат прифатени на владина седница, меѓу кои и забрана на семејни прослави и ограничување на најмногу четири гости.

- Граѓаните да знаат дека постапувањето на полицијата ќе биде исклучиво по уставните начела и според законските норми. Неповредливоста на домот или на станот е уставна категорија и тоа е свето нешто за секој граѓанин што никој не може да го загрози. За одлуките што ќе бидат донесени а се во функција на заштита на јавното здравје ќе бидат предвидени соодветни механизми на контрола, рече Спасовски.

Тој додаде дека ќе навлезе во детали кога ќе бидат донесени одлуките, но нагласи дека уставното начело на неповредливост на домот ќе биде почитувано. Додаде дека и денеска има механизми на проверки и контроли на домовите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража