20 Мај, 2024
0.0267

СОНК в среда на штрајк, СНП обвинува за манипулација со наставничката фела

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Најавениот протест на СОНК е чиста манипулација за нашата фела, обвинува Синдикатот на Наставничкиот пленум за најавениот протест закажан за во среда.

СОНК пред Министерството за образование на 17 јануари ќе бара повисоки плати, а од СНП реагираат и нема да дадат поддршка на овој протест.

„Баравме, бараме и ќе бараме унапредување на положбата на наставниците. Но, не со СОНК! Не за личните интереси на рака луѓе во неговата врхушка.“, велат од СНП.

И покрај тоа што сметаат дека барањата на СОНК се легитимни од СНП посочуваат дека протестот е невиден сарказам и обид за нова манипулација со наставничката фела. 

„Сите ние многу убаво знаеме и паметиме каква беше улогата на СОНК претходната деценија. СОНК, на чело со актуелното раководство, без да ги праша наставниците, без да го чуе нивниот глас, го аминуваше срамното екстерно проверување, наводно на знаења, реално како инструмент за пресметка со неистомислениците. СОНК потпиша Колективен договор и ниту еднаш не побара истиот да биде почитуван. СОНК ги премолча заменските наставници! СОНК го аминуваше укинувањето надомест за патни трошоци. Голем е бројот злодела против фелата од страна на СОНК. Затоа ние, наставниците, масовно почнавме да истапуваме од неговите редови. Затоа покренавме иницијатива за формирање синдикат.

Барањата со кои сега излегува СОНК се легитимни. Но, СОНК, особено неговото раководство- не е! Тие луѓе, таа организација, ја потрошија целата наша доверба, целото наше трпение. Ни го поткопаа достоинството, ни ја загрозија егзистенцијата!, а требаше да ги штитат и унапредуваат.“, меѓудругото стои во реакцијата на СНП.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража