21 Мај, 2024
0.0276

Софија 2020-градот ќе го менува својот лик

Објавено во: Балкан, Македонија 15 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

До 2020 година Софија треба целосно да си го смени изгледот. Такви се барем се плановите на градското собрание, соопштува телевизијата БТВ. Најголемите градежни активности ќе бидат изведени на 320 илјади квадратни метри, на  потегот помеѓу  ЦУМ, НДК и Софискиот универзитет. Идеи и проекти за тоа како ќе изгледа градот уште се собираат, а пари ќе се бараат и преку европските проекти, јавуваат бугарските медиуми. Измени ќе бидат направени и кај Перловска река,  по должината на булеварот Евлоги Георгиев, со што потегот ќе биде пренаменет за пешаци и за велосипедисти, изјави главниот архитект на Софија, Петар Диков. Во плановите за новите промени, кои треба да се направат до 2020-та година влегува и плоштадот пред царската палата по булеварот „Цар ослободител", кадешто се работи на дислоцирање на трамвајот. Главниот архитект се надева дека до 2014-та година булеварот "Гроф Игнатиев" ќе добие нов изглед и ќе стане позната трговска улица. По нејзината реконструкцијата, планот е просторот да се претвори во шопинг центар на отворено. Засега нема предвидено поставување нови споменици, а целта на новите проекти е да се уреди просторот и да се зголеми квалитетот на живот во бугарската метропола.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

(ВИДЕО) СПАСЕНИ ДВЕ ЖЕНИ И ДЕТЕ ВО УЖИЦЕ: Нивниот автомобил беше потопен

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

ВУЧИЌ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Некои земји за кои не очекувавме ќе ни „забијат нож во грб“

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА: Жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ЕРДОГАН ЈА НАРЕЧЕ ЕВРОВИЗИЈА СРАМНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ - „Добро е што не одиме, таму не можете да сретнете нормална личност“

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

„ЛУЃЕТО БЕГААТ ОД ХРВАТСКА“: „Земјата ќе остане празна“

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ОД ЦЕНАТА НА ЛЕБОТ ВО ГРЦИЈА, БОЛИ ГЛАВА: Еве детална листа на цените, изненадуваат овошјето и зеленчукот

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата

СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ СЕ ВРАБОТИЛА ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО БОЛНИЦА: Хрватка со измама сакала да добие подобра плата