19 Мај, 2024
0.0255

Соботка: Централна Европа е подготвена да му помогне на Балканот со мигрантската криза

Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Лидерите на земјите од Централна Европа се подготвени да им помогнат на балканските држави да ги затворат границите со Грција, за да се ограничи приливот на имигранти, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

И покрај протестите на Германија, според која ваквиот потег само ќе ја отежнува ситуацијата во Грција, денеска земјите од Вишеградската четворка (Унгарија, Чешка, Полска и Словачка) ќе разговараат за слични планови денеска во Прага.

Домаќин на средбата ќе биде токму Соботка. Според него договорите на ЕУ со Турција за ограничување на бројот на бегалците и имигрантите кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите на Блискиот Исток, засега не даваат задоволителни резултати, а времето за Европа истекува.

„Моменталната слика, при што скоро 3.000 лица секој ден ги минуваат границите на Грција, дефинитивно не е онаа на која се надевавме“, пишува Соботка до „Ројтерс“ во одговор на прашања од страна на агенцијата. “Вишеградската четворка сфаќа колку е важно фокусот да е на рутата на мигрантите во Западен Балкан и изразува солидарност и желба да им помогне на овие земји со заштитата на нивните граници. Полицајци од Вишеградската четворка веќе им помагаат на своите колеги во Македонија, подготвени сме да го прошириме опсегот на помошта, доколку тоа е потребно.“

И претседателот Ѓорѓи Иванов, исто така е поканет да присуствува на состанокот.

Соботка објасни дека ќе разговара за плановите со грчкиот министер за надворешни работи во вторникот пред самитот на ЕУ, што треба да започне овој четврток.

Со исклучок на Унгарија во земјите од Централна Европа засега не се забележува голем прилив на имигранти. Земјите сепак стравуваат дека тоа може да се промени ако Европа не успее да ги зачува надворешните граници или ако Германија одлучи да ги затвори границите за бегалци.

Берлин смета дека затворањето на премините со Грција на Балканот ќе ги поткопа напорите за изнаоѓање на решенија од кризата преку Турција и ќе го зголеми бројот на мигрантите во Грција, која и без тоа веќе се бори од огромниот проток на луѓе.

Според Соботка Брисел треба да преземе голем број на други мерки за да го ограничи бројот на мигрантите, вклучувајќи да ја притисне Турција да ги спречи шверцерите да земаат се повеќе и повеќе луѓе кои ќе стигнат до Грција.

Чешкиот премиер ги повика и земјите од ЕУ да се координираат подобро едни со други за да ги враќаат имигрантите во нивните родни земји, кога тие се сопка во листата на т.н. безбедни земји.

„Европа треба да има имиграциски политики со јасни и применливи правила, вклучувајќи ја и можноста да ги запира економски имигранти на надворешните граници“, додава чешкиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс