30 Мај, 2020
0.0427

На Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Со високи претставници на ММФ: Монетарната политика е соодветна и постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2019

Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e и што успешното одржување на ниска и стабилна инфлација  и поволната позиција на билансот на плаќања, годинава, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Главно како резултат на овие интервенции, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви на земјата. На крајот на август, за првпат досега, тие изнесуваа над 3 милијарди евра. Нивниот раст продолжи. Според најновите податоци, заклучно со минатиот месец, тие изнесуваат 3 милијарди и 127 милиони евра. Високото и според сите показатели адекватно ниво на девизните резерви е цврста гаранција за стабилноста на денарот. 

Ова меѓу другото беше истакнато на состаноците со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) коишто ги оствари делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, во рамки на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка (СБ) во Вашингтон. Конкретно, остварени се состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја,Берглјот Бјорнсон Баркбу.

Во фокусот на состаноците, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка. Гувернерката Ангеловска-Бежоска меѓу другото посочи дека расположливите податоци за реалниот сектор упатуваат дека остварувањата се во линија на проекцијата за економски раст од 3,5% за оваа година.

Со високите претставници на ММФ се дискутираше и за состојбите во банкарскиот сектор кај нас, при што беше истакнато дека се очекува негово натамошно окрупнување, кое би требало да резултира со поголема конкуренција и со подобар пристап на граѓаните до финансиските услуги. Истовремено беше одбележано дека трендот на раст на капитализираноста продолжува, а ликвидноста се задржува во адекватни рамки. За порастот на ликвидноста во изминатиот период беше нагласено дека доминантно придонесоа интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. При анализирањето на податоците, на состаноците беше посочено и дека е мошне значајно што нефункционалните пласмани се на релативно ниско ниво.

На овие состаноци се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска имаше одделни средби и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, на кои се дискутираше за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење. Во текот на вчерашниот ден, како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, таа учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Учеството на Годишните средби на ММФ и СБ, Ангеловска-Бежоска го искористи и за состаноци со свои колеги, гувернери на други централни банки. Притоа се разменија мислења за повеќе актуелни економски прашања, а се разговараше и за развивање на соработката.

Делегацијата на нашата земја имаше состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе, како и со директорката за Европа и Централна Азија на Меѓународната финансиска корпорација, Вибке Шломер.

Годишните средби на ММФ и СБ завршуваат денес.

Можеби ќе ве интересира

РОКОТ ИСТЕКУВА УТРЕ: Проверете ги вашите даночни пријави

РОКОТ ИСТЕКУВА УТРЕ: Проверете ги вашите даночни пријави

ЌЕ ТРПАТ ЗАГУБИ: Koронавирусот ќе „удри“ по производителите на овошје и зеленчук

ЌЕ ТРПАТ ЗАГУБИ: Koронавирусот ќе „удри“ по производителите на овошје и зеленчук

УСВОЕН ДЕКРЕТ: Најсиромашните Шпанци ќе добиваат по 462 евра месечно

УСВОЕН ДЕКРЕТ: Најсиромашните Шпанци ќе добиваат по 462 евра месечно

Светска банка пресмета колку Македонци ќе осиромашат поради пандемијата

Светска банка пресмета колку Македонци ќе осиромашат поради пандемијата

Каков платен биланс имаше во првиот квартал од 2020 година?

Каков платен биланс имаше во првиот квартал од 2020 година?

МОЖЕ ДА СЕ ЈАВИ СОЦИЈАЛНО НЕЗАДОВОЛСТВО: БДП во Италија ќе падне за 13 отсто

МОЖЕ ДА СЕ ЈАВИ СОЦИЈАЛНО НЕЗАДОВОЛСТВО: БДП во Италија ќе падне за 13 отсто

НЕВРАБОТЕНОСТА ЗЕМА ЗАМАВ: Коронавирусот остави без работа над 40 милиони Американци

НЕВРАБОТЕНОСТА ЗЕМА ЗАМАВ: Коронавирусот остави без работа над 40 милиони Американци

ОД ЖИВА МУЗИКА, ДО ИГРАЊЕ НА МАСИ И ГУШКАЊЕ - Пауновски разочаран од локалите, од вечерва ќе заиграат и казни

ОД ЖИВА МУЗИКА, ДО ИГРАЊЕ НА МАСИ И ГУШКАЊЕ - Пауновски разочаран од локалите, од вечерва ќе заиграат и казни

ЌЕ НАСТРАДА СРЕДНАТА КЛАСА: Пандемијата ќе втурне во сиромаштија 400.000 луѓе од Западен Балкан

ЌЕ НАСТРАДА СРЕДНАТА КЛАСА: Пандемијата ќе втурне во сиромаштија 400.000 луѓе од Западен Балкан