22 Мај, 2024
0.5845

Со нови садници ќе се штити Преспанското Езеро; Донацијата тежи 5 милиони швајцарски франци

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Со пари од швајцарската Влада, а обезбедени преку програмата на УНДП , Преспанското Езеро ќе се заштитува од ерозија, а околината ќе се пошумува со автохтони дрвја.

Како што информираше директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски во првата фаза од проектот предвидено е да се направи современ расадник за автохтони садници на површина од 0,7 хектари во ресенското село Асамати каде ќе се произведуваат по еден милион автохтони дрвја секоја година.

„Од расадникот ќе се пошумуваат сите ерозивни подрачја околу Преспанското Езеро. Во наредните четири-пет години преку оваа соработка ќе ја заштитуваме животната средина и Преспанското Езеро, а тоа ќе има позитивно влијание и врз природата и врз туризмот“, посочи Караџоски.

Според  Александро Фракасети, кој е заменик претставник на УНДП, обновувањето на шумскиот фонд, пошумувањето и спречување на ерозивните последици се неопдодни за заштита на Преспа и околината.

„Главни цели се подобрување на шумскиот фонд во регионот и регулирање на главните порои во тој дел. Со реализација на проектот ќе се намали ерозијата, а со тоа и таложењето во езерото и ќе подобри квалитетот на целиот еко-систем. Со подобрувањето на состојбата на шумскиот фонд ќе се обезбедат вредни живеалишта на биодиверзитетот, ќе се зголемат можностите за производство на дрвена граѓа, ќе се намали емисијата на јаглероден диоксид, а ќе се подобри и квалитетот за живеење во целиот регион“, рече Фракасети.

За проектот за заштита на Преспанското Езеро, обезбеден е буџет од пет милиони швајцарски франци.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази