20 Мај, 2024
0.0258

Со поквалитетно образование до поконкурентна работна сила

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја претстави „Еразмус плус“ програмата пред бизнис заедницата во Битола. Компаниите членки на Стопанската комора на Македонија денес одржаа работилница на која имаа можност да се запознаат со потенцијалите на „Ерзмус плус“ програмата во насока на подобрување на квалитетот на работната сила и нејзината структура, што ќе придонесе за поголема конкурентност на македонските компании и поттикнување на економски раст.

Еден од врвните приоритети на „Еразмус плус“ програмата е создавање на висококвалификувани кадри кои ќе одговорат на современите предизвици на економијата, особено во услови на глобализација. Поведени од позитивното искуство и досега постигнатите резултати, како и со цел да се зголеми вклученоста на бизнис заедницата во програмата Еразмус плус во текот на 2016 година, се организраат информативни работилници во Скопје и Битола, во соработка со стопанските комори во Република Македонија.

“Ова е втора година во која Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира работилници заедно со компаниите, а со цел вклучување на деловната заедница во програмата Еразмус плус. Она што е особено важно е  да се нагласи  дека во текот на 2015 година по организирањето на претходните работилници веќе имаме корисници компании од Р. Македонија  во програмата ’Еразмус плус’. Компаниите членови на стопанските комори, ќе се запознаат со можностите кои ги нуди програмата ’Еразмус плус’, а се со цел збогатување и надоградба на вештините и компетенциите на кадарот, што е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд”, истакна директорот на Националната агенција за европско образование и мобилност, Дарко Димитров.

Конкурсот за апцилирање за програмите што ги нуди „Еразмус плус“ за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра е веќе во тек. Конкурсот е објавен на интернет страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Програмата „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања, обука и развивање професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот. Целта на „Еразмус плус 2014-2020“ програмата е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обуката и младинската работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европјани да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО