26 Април, 2024
0.0319

Со месеци не излегуваат од домовите: Можно ли е да се прилагодите на најстуденото место во светот?

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Многумина тврдат дека Ојмјакон е најстуденото населено место на Земјата. Се работи за село кое се наоѓа во источниот дел на Сибир.

Најниската температура измерена во февруаи 1933 година изнесувала 71,2 степени под нулата. Тоа е број кој ќе го видите напишан на бројни сувенириво Ојмјакон. Иако никогаш повеќе не е измерена толку ниска температура, зимите таму се приличн остри, па така е нормално во јануари да бидат 50 степени под нулата.


Некогаш Ојмјакон бил место на кое сточарите запирале за да ги напојат ирвасите во блискиот термален извор кој никогаш не замрзнува, но денес тоа место е дом за околу 500 жители. Животот во зимските месеци не е лесен, но сепак населението се прилагодило на екстремните услови.


Земјата е постојано замрзната во текот на целата година и скоро ништо не успева, така што населението главно се храни со риба, ирваси и коњско месо, како и млечни производи. Исто така, тие собираат диви бобинки во шумата, кои се мешаат со замрзнатото млеко за да добијат специјалитет налик на сладолед.


Само еден пар раквици или едно палто не е доволно овде. Населението се облекува во слоеви, но со многу парчиња облека. Ниту фактот дека тие воопшто не можат да ги стартуваат моторите на автомобилите, не е изненадувачки, ниту пак што авионите не можат да полетуваат. За време на суровата зима, луѓето ги напуштаат своите домови само ако мораат.


Чистиот воздух и домашната храна без индустриска преработка придонесуваат за здравјето на луѓето од Ојмјакон кои живеат во просек долго. Дури и кучињата се навикнати на студот, а исто така се вели дека сибирските хаски можат да спијат на отворено на температури од -50 степени.

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре