21 Мај, 2024
0.0310

Случај Панчевски: Како се штелувале предметите и какви информации протекувале од Кривичниот суд

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Специјалното обвинителство ги заплени податоците во компјутерот на екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Претресен е и неговиот дом, како и на двајца информатичари од судот. СЈО обезбедило податоци и од АКМИС системот преку кој по електронски пат се распределуваат предмети кај судиите.

Сомнежите на СЈО се дека во Кривичниот суд се местат предмети, а судијата  Панчевски е под сомнение и дека оддал државна тајна. Обвинителката Катица Јанева изјави дека се работи за предистражна постапка и има индиции дека преку АКМИС системот судските предмети на СЈО се распределувале на незаконски начин.

“Апсолутно да и дека се издавале податоци за други лица во јавноста или на други заинтересирани странки, службени податоци од АКМИС системот поврзани со нашите случаи.“ – oдговори Катица Јанева, Специјално јавно обвинителство

Оваа истрага доаѓа откако три од вкупно четири обвиненија на СЈО по електронски пат се паднаа кај судијката Лидија Петровска, која во јавноста е позната како „Сваровски судија“. Судот ова го правда со фактот дека во одделението за организиран криминал се шест судии, тројца го оценувале обвинението и во игра останале само тројца судии.

„Судиите кои биле членови на Советот за оценка на обвинителниот акт, потоа не можат по електронски пат согласно АКМИС – системот да им биде распределен предметот. Така штоАКМИС – системот може да го распредели предметот, оформен по оценка на обвинител акт, само на простанатите тројца судии кои не учествувале во оценка.“ – велат од Кривичен суд.

Сепак, сомневањата за судските местенки со АКМИС системот се од поодамна, а поранешниот претседател на Кривичниот суд Панчевски беше  посочен и во извештајот за состојбата со човековите права на американскиот Стејт департмент за 2016 година, како маша со која владејчката ВМРО-ДПМНЕ го контролира Судот и го блокира работењето на Специјалното јавно обвинителство.

“Во текот на годината, извесен број судии јавно изразија загриженост дека политичките манипулации со назначувањата во судството станале уште побезобѕирни, посебно во случаите на Специјалното јавно обвинителство“, се наведува во Извештајот во делот за состојбите во Македонија минатата година.

Во извештајот пишува дека „на крајот на април, претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски назначи двајца нови судии во Одделот на судот за организиран криминал и корупција во, како што многумина политички и правни аналитичари опишаа, сомнителни околности, бидејќи ниту еден од нив немал доволно стаж на судската клупа или судско искуство за да се оправда нивното назначување. На двајцата судии им беа доделени случаи на СЈО, кое безуспешно бараше нивно изземање поради воочливи судири на интереси.

Сомнежи за можни злоупотреби во АКМИС системот нотираше и германскиот правен експерт Рајнхард Прибе, кој во вториот извештај побара одговорност од судиите кои несовесно постапувале.

Каква е улогата на АКМИС системот?

Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети (АКМИС) е робусен систем со сите карактеристики кој ги автоматизира и следи сите аспекти на животниот циклус на предметите од иницијалното отворање на предметот преку негово доделување било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др.

Од 2010, Автоматизираниот информационен систем за управување со судските предмети (АКМИС), е оперативен во сите 34 судови во земјава, заменувајќи го рачното процесирање на предметите. Целта на воведувањето на АКМИС системот беше судовите да станат поефикасни и потранспарентни.

Сега СЈО ќе истражува дали Панчевски, како поранешен претседател на Кривичниот суд, го изигрувал системот и ги штелувал предметите да се паднат кај подобни судии.

Какви службени тајни оддавал Панчевски?

Обвинителката Јанева не откри детали за истрагата и какви индиции има за оддавање на службени тајни од страна на Панчевски, но сепак во јавноста се споменуваат имињата на осомничените и сведоците на СЈО, кои беа помилувани од Претседателот Ѓорѓе Иванов. Или пак сведокот Коста Крпач, кој исто така беше помилуван од Иванов, а по неговата мистериозна смрт СЈО обелодени дека Крпач не бил осомничен, туку негов сведок.

Панчевски осуден за мобинг

Панчевски освен што е предмет на истрага на СЈО, нему му се заканува опасност повеќе да може да биде на било каква раководна функција. Тој минатиот месец беше осуден за мобинг што го сторил врз вработениот Горан Стаменковски.

Доколку Апелациониот суд да ја потврди истата пресуда, Панчевски нема да може повеќе да биде претседател на суд.

Тужбата за мобинг против Панчевска ја поднесе Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација