19 Мај, 2024
0.0310

Следува средба на 23 и 24 април, бугарската страна не сака странски посредници

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Бугарската историска комисија од Мешовитиот комитет не сака помош од странски посредници како олеснувачи, вели Драги Ѓоргиев, копретседател во Комисијата од македонската страна, пред најавената средба на 23 и 24 април во ситуација кога се уште не е формирана новата бугарска влада по оддржувањето на парламентарните избори.

– Ние уште на првата средба на комисијата предложивме да бидат вклучени стручњаци, не историчари, туку повеќе експерти за учебници кои имаат искуство во тоа како да се надминат разни симболично-наративни спорови во учебниците, но тоа беше веднаш одбиено од бугарска страна. Тие посредници требаше да бидат претставници на двете страни, а Македонија и Бугарија да имаат обврска да соработуваат со нив, заеднички да им исплаќаат хонорар за ангажманот итн. Бугарија одби, со образложение дека нема потреба од посредници, олеснувачи итн, и дека ќе разговараат само двете страни, затоа што останатите не ја познаваат детално проблематиката. По ова, ние веќе не се обидовме да предложиме да се вклучи трета страна – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Следната недела на агендата е 13. средба на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, на која се очекува повторно на дневен ред да биде периодот на средниот век, откако на претходните две во декември и во февруари не беше постигнат значителен напредок.

Европратеникот Андреас Шидер минатата недела предложи да се поканат еминентни странски историчари во заедничката комисија и со нивната непристрасност да се помогне во донесувањето на објективни заклучоци.



Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри