26 Април, 2024
0.0537

СЛЕДНАТА ПАНДЕМИЈА ЌЕ ДОЈДЕ ОД АМАЗОНИЈА: Преполна е со вируси, предупредува светскиот еколог Давид Лапола

Објавено во: Свет 18 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Следната пандемија ќе тргне од амазонските прашуми, предупредува бразилскиот еколог Давид Лапола, нагласувајќи, дека главна причина за тоа е уништувањето на живеалиштата на животните од страна на луѓето, со тоа што безмилосно ги уништуваат дождовните шуми во Амазонија.

Научниците велат дека забрзаната урбанизација на дотогашните недопрени места, придонесува за појава на нови зоонотски болести, оние кои од животните се пренесуваат на луѓето. Тоа го вклучува и новиот корона вирус, за кои како што и до сега се претпоставуваше беше пренесен од лилјаците во кинеската провинција Хубеи, која забрзано се урбанизира.

38-годишниот Лапола чија експертиза е како човечката активност ги преобликува екосистемите на тропските шуми, тврди дека истите процеси се случуваат и во Амазонија.

-Амазонија е огромен резеревоар на вируси, подобро да не си ја испробуваме среќата, вели Лапола.

Најголемата светска прашума исчезнува со вознемирувачка брзина, а дефорестацијата на Амазонија значително се зголеми од почетокот на изминатата година, токму во период на претседателскиот мандат на десничарот и климатскиот скептиг Жаир Болсонаро. Тој настојува по секоја цена да ги отвори за рударство и друга индустрија некогашните заштитени доморотски области во Бразил.

Трендот продолжува и оваа година, па според податоците од бразилскиот Национален институт за научни истражувања, од јануари до април „избришани“ се 1.200 квадратни километри шима, што е рекорд во еден квартал.

Лапола тврди дека и претходните многу опасни вируси, ХИВ, ебола, како и треската денга се резултат на вакви драстични промени во екосистемите.-

-Тие вируси се појавија и се раширија во пандемски размери само поради еколошката нерамнотежа. А, сега големиот биодиверзитет на Амазонија би можел да се претвори и во регион на „најголем светски басен на корона вирусот, вели Лапола.


Можеби ќе ве интересира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката