Светска банка констатира дека Западен Балкан излегува од рецесија.
Државите кои се соочија со силна рецесија поради пандемијата, до крајот на годинава можат да очекуваат постепено закрепнување и економски раст од над 4 отсто. Албанија, БиХ, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија до крајот на 2021 година ги очекува постепено закрепнување. До крајот на годинава проектиран е раст од 4,4 отсто, но потоа се очекува повторно забавување на растот од 3,7 отсто во 2022 и 2023 година. Продолжените последици од пандемијата и понатаму ќе водат кон помали инвестиции и вработеност во регионот.