15 Мај, 2024
0.0257

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

Објавено во: Економија 29 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Инспекцискиот совет воспоставен како меѓуресорско тело за координација на инспекциските служби, во 2010 година, прерасна во самостоен државен орган во 2014 година, чија надлежност е следењето и координацијата на работењето на инспекциските служби на централно ниво. Деновиве во Собрание пристигна годишниот извештај на ова тело, кое ги открива нивните планирани и реализирани проекти, но и платите на вработените.

Грубата математика покажува дека бруто приходите по вработен во Инспекцискиот совет изнесувале околу 2.300 евра во текот на изминатата 2023 година. Како што пишува во нивниот извештај, минатата година имало 13 вработени лица, а вкупните трошоци за нив достигнале 22.844.695 денари за плати и надоместоци. Кога оваа сума ќе се подели по лице, и за секој месец посебно, излегува дека за плати месечно се трошеле скоро 31 илјади евра.

Во текот на оваа година, приходите на вработените во институцијата ќе пораснат уште повеќе, бидејќи за плати и надоместоци се планираат 26.348.000 денари, што покажува дека оваа година по вработен бруто трошоците ќе достигнат 2.740 евра.

Сепак, јасно е дека дел од вработените, особено претседателот и оние на раководни позиции земаат поголеми плати, а со тоа останатите вработени добиваат пониски плати од пресметаните.

-  Вкупниот буџет за 2023 година на Инспекцискиот совет, изнесуваше 52.592.000 денари. Во текот на годината, буџетот е намален на 30.482.000 денари, по барање на Советот, за износот од 13.932.000 денари од причина што реализацијата на планираната активност за развој на процесот на инспекцискиот надзор на системот Е-инспектор (трета фаза, вклучување на останати служби) ќе зависи директно од процесот на реорганизација и оптимизација на инспекциските служби кој се одвива како дел од сеопфатниот процес на реорагнизација на јавната админситрација и овие останати служби ќе бидат предмет на вклучување во електронскиот систем Е- инспектор. Советот нема оправданост да започне постапка за јавна набавка на останатата опрема – се појаснува во годишниот извештај на Инспекцискиот совет доставен во Собранието.

Во него се додава дека буџетот од 30.482.000 денари е реализран со 91.44 отсто, односно реализрани се 27.871.565 денари и тоа 22.844.695 денари за Плати и надоместоци на вработените, 4.296.033 денари за Стоки и услуги и 730.837 денари за Капитални расходи.

-  Во 2024 година Инспекциски совет ќе располага со буџет од 40.551.000 денари, согласно Буџетот на РСМ за 2024 година распределен на соодветни групи на расходи. Одобрените средства ќе бидат доволни за трошоците за редовно работење на Советот, доразвивање на системот „Е-инспектор“, како и за одржување и хостирање на системот и платформата за е-учење ЛМС – пишале инспекторите.

Меѓу другото е нагласено дека „од исклучително значење за постигнување на резултатите од Годишниот план за работа, беше зајакнувањето на Советот и особено неговото место во инспекцискиот систем на државата“. Притоа се посочува дека биле планирани вработувања на стручни административни службеници, бидејќи остварувањето на целите и приоритети на Советот се во директна зависност со бројот на службеници вработени во стручно – амдинситративната служба.

-  Бројот на службеници вработени во службата, заклучно со 31.12.2023 година, изнесува 13 ( од кои 2 во мирување) од предвидените 38, односно 34,2 проценти – се посочува во извештајот.

Во извештајот е посочено дека минатата година стручната служба на Советот е зголемена за три работни места и истите се пополнети со спогодби за мобилност преку трајно преземање на вработен од друг орган, еден советник и два помлади соработници. Исто така, биле спроведени четири постапки на пополнување работни места преку унапредување, и тоа еден админситративен службеник од работно место „советник“ на работно место „раководител на одделение“ и унапредување на три административни службеници од работно место „помлад соработник“ на работно место „советник“.

Но, минатата година со спогодба за мобилност преку трајно преземање на вработен, од Советот е преземен еден советник во друга институција, додека двајца службеници – советници, по нивно барање престанале со работа. Двајца административни службеници се со статус „мирување“ бидејќи еден е Претседател на Инспекцискиот совет, а другиот е назначен за Генерален секретар.

Од Инспекцискиот совет нагласуваат дека иако на седница на Влада е одобрено едно вработување – Виш референт за водење регистри, за истото не е добиена согласност за обезбедени финансиски средства за 2024 година од страна на Министерството за финансии.

Јасно е дека со ваков потенцијал на човечки ресурси, не може да се очекува успешно спроведува на законските надлежности и обврски на Советот и ваквата состојба со недоволната екипираност влијае врз ефикасното и навремено извршување на надлежностите на Инспекцискиот совет, особено функциите за координирање и следење на работата на инспекциските служби – нагласуваат од Советот.

П.О. 

Фото: Scott Graham on Unsplash

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?