28 Март, 2024
0.0351

СВЕТСКА БАНКА НИ ПОРАЧА: Јавниот долг ви е на историски највисоко ниво, по закрепнувањето, да се поведе сметка за него

Објавено во: Финансии 27 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Растот во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и во Србија – шесте земји од Западен Балкан – се очекува да се врати во 2021 година по најлошиот економски пад во регионот што се случи во 2020 година. По економската катастрофа што ја донесе пандемијата на КОВИД-19 што резултираше со проценет просечен негативен раст на економиите во регионот од 3,4 проценти, во 2021 година, регионот на Западен Балкан се очекува да забележи раст од 4,4 проценти. Растот се очекува да биде поумерен во 2022 и 2023 година со 3,7 проценти како резултат на долгорочните штети од пандемијата кои и понатаму предизвикуваат намалени инвестиции и вработување во регионот.

Ова е наведено во најновиот извештај на Светска банка. 

„Секако, гледаме некои позитивни трендови во регионот, поттикнати од брзите акции што ги преземаа многу земји за сузбивање на најлошите влијанија од пандемијата, но здравственото и економското опустошување предизвикано од пандемијата и понатаму ќе има влијание,“ вели Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан. 

„Почетокот на вакцинацијата, заедно со подобрувањето на довербата, потрошувачката и трговијата ќе помогне позитивниот тренд да продолжи, но земјите мора да останат будни во своите напори за воведување и зајакнување на политиките што можат да водат кон раст, да ги заштитат здравствените резултати и да го поттикнат човечкиот капитал“, вели директорката.  

Пандемијата го запре деценискиот напредок во подобрувањето на приходите и намалувањето на сиромаштијата во земјите од регионот, а пазарите на труд надоместија само половината од работните места загубени во пандемијата, оставајќи голем број луѓе без работа и присилувајќи многу други да излезат од пазарот на трудот, како неактивно население. Иако стапката на невработеност се намали – од 13,5 проценти во 2019 година на 12,6 проценти во 2020 – тоа главно беше резултат на зголемената неактивност, а до крајот на 2020 година во Западен Балкан се загубија скоро 70.000 работни места. Овие загуби непропорционално го погодија ранливото население во регионот, вклучувајќи ги жените и младите. Со 2020 година, невработеноста на младите порасна на 33,6 проценти прекинувајќи го петгодишниот тренд на намалување.

„Напорите на политиките треба да останат строго фокусирани на борбата со пандемијата, на ограничување на социјалните штети и на поттикнување на закрепнувањето. Во Северна Македонија, обезбедување на соодветни ресурси во здравствениот систем ќе остане клучно за да се овозможи набавка и брзо распоредување на вакцините, тестирања, терапии, опрема за лична заштита, но исто така и да се гарантира хоспитализација на критично болни пациенти. Светска банка дава поддршка во оваа област“ вели Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија. 

Сепак, додека продолжуваат да ги штитат животите и изворите на егзистенција, властите треба да почнат да се фокусираат на подолг рок. 

„Поради историски највисокото ниво на јавниот долг, обновувањето на фискалната одржливост има висок приоритет штом закрепнувањето ќе почне да дава резултати. Приоритет треба да им се даде на инвестициите во образованието, дигитализацијата како и други инфраструктурни проекти, вклучително и еколошко-одржливите иницијативи бидејќи со нив може да се забрза потребниот премин кон пониска зависност од јаглен и други фосилни горива штом земјите ќе почнат да излегува од пандемијата“, рече Паолучи.

Можеби ќе ве интересира

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман