СЛАВЕВСКИ: Секоја институција во јавниот сектор одделно да направи кратење
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Април, 2020 16:17
Екс министерот за економија и професор, Трајко Славевски, смета дека предложените мерки на Владата поради кризата со епидемијата на коронавирусот треба да се преиспитаат со цел да се намали ударот врз граѓаните и стопанството.
Вели дека тие се недоречени и конфузни.
Прашува колку претпријатија и вработени ќе ги задоволат поставените услови и критериуми за користење на мерката поддршка во износ на минималната плата.
„Нашите процени се дека бројот на лица што ќе имаат можност да ја користат оваа мерка ќе биде многу мал. Нема да може да ја користат фимите и вработените во најпогодените сектори, каде што помошта на државата е најпотребна. Тоа се дејностите за сервисни услуги со храна и сместување (секторот уготителство и туризам), каде што, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се ангажирани речиси 33.000 вработени. Кон ова треба да се придодадат големиот број вработени во трговијата, кои моментно не работат. Исто така, во мерките не видовме помош и поддршка на самовработените и за занаетчиите. Тие се соочуваат со големи проблеми и ставаат клуч на врата. Владата предлага поддршка на претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати почнувајќи од април, кои во џебовите на граѓаните треба да стигнат во текот на првата половина од мај, а економската криза предизвикана од ширењето на новиот коронавирус наголемо ја пустоши македонската економија. Во моментот десетици, ако не и стотици илјади граѓани, се загрижени дали ќе имаат средства за живот во април затоа што илјадници компании престанаа со работа“, вели Славевски.
Нивниот предлог е субвенциите за исплата на плати кај погодените сектори од кризата во висина од 50 отсто од бруто-платата или 70 до 80 отсто од нето-платата да се покриваат од државниот буџет уште со исплатата на мартовската плата. Велат дека роковите за исплата на платите за март веќе течат.
„Денеска сме 1 април, а 15 април е крајниот законски рок. Препорачуваме да се направи итна прераспределба на средствата во државниот буџет. Повеќе средства за здравството, а помалку за непродуктивни трошења. Секоја институција во јавниот сектор одделно да направи кратење на непродуктивните средства по конта и тие јавно да ги објави со цел потврдување (или не) на искрените намери на оваа Влада во насока на заштеди во буџетот. Ова да го направат и акционерските друштва во целосна државна сопственост и јавните претпријатија на централно и локално ниво. Препорачуваме забрзување во извршување капитални проекти за кои е обезбедено финансирање, а со цел да се зголеми економската активност“, порача Славески.
Поради корона кризата приходите во буџетот годинава ќе паднат меѓу 20 и 40 отсто отсто, а тоа ќе доведе до дупка меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, покрај првично планираниот дефицит од 300 милиони евра, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.
Премиерот Оливер Спасовски вечера го презентираше сетот мерки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала





